ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Малиар: Русија ја разнесе браната Каховка за да ја спречи офанзивата на југот на Украина

June 11, 2023 16:31
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Браната Каховка беше крената во воздух од руските сили за да ги спречат украинските сили да напредуваат во јужниот регион Херсон, изјави денеска украинската заменик министерка за одбрана, Хана Малиар/Фото:ЕПА

Браната Каховка беше крената во воздух од руските сили за да ги спречат украинските сили да напредуваат во јужниот регион Херсон, изјави денеска украинската заменик министерка за одбрана, Хана Малиар/Фото:ЕПА

Браната Каховка беше крената во воздух од руските сили за да ги спречат украинските сили да напредуваат во јужниот регион Херсон, изјави денеска украинската заменик министерка за одбрана, Хана Малиар, пренесе Хина.

Украина ги обвини руските сили дека ја кренале во воздух браната од нивната хидроцентрала. Местото е под руска окупација уште од првите недели од руската инвазија минатиот февруари.

И Москва ја обвини Украина за уривањето на браната. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за гранатирање цивили додека се спроведуваат спасувачки операции.

„Експлозијата на хидроцентралата Каховка беше јасно изведена со намера да ги спречи украинските одбранбени сили да започнат офанзива во секторот Херсон“, рече Малиар на каналот за пораки Телеграм.

Таа додаде дека целта на операцијата, што предизвика огромни поплави во градовите и селата низводно од Дњепар, и зароби жители и однесе цели куќи, е, исто така, да помогне во распоредувањето на руските резервни сили во областите Запорожје и Бахмут.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави  дека во Украина и официјално почнаа да се одвиваат контраофанзивни и одбранбени операции. Тој не други даде детали за операциите.

Портпаролот на украинската војска изјави дека во контранападот на украинските сили има напредување од 1,4 километри на бројни делови од линијата на фронтот во близина на источниот град Бахмут.

Извор: МИА

Tags: југ на УкраинаМалиарофанзиваразнесе брана КаховкаРусијаспречи
Next Post
Тројца британски туристи се исчезнати, а 12 се спасени откако денеска се запали моторен брод во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, соопштија египетски претставници и безбедносни извори, пренесоа британските медиуми./Фото:Принтскрин Твитер

Тројца туристи исчезнаа во запален брод кај египетскиот брег на Црвено Море, 12 се спасени

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk