Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во гостувањето на МРТ истакна дека предлог-законот за употреба на македонскиот јазик ќе предизвика низа позитивни реакции. Според неа, овој закон ќе ја отслика реалната состојба на јазикот и ќе се регулира неговата правилна употреба. Текстот предвидува секоја инстутиција да вработи лектор, кој ќе ги лекторира сите документации на институциите.
Ќе се поттикне учениците да се запишуваат на катедрите за македонски јазик. Повторно ќе оживуваат улогите на институтите, коишто се залагаат јазикот постојано да се осовременува и да реагира на промените што се случуваат. Токму затоа не треба да владее неправилна употреба и секоја институција ќе има најмалку еден лектор, а така ќе го поттикнеме и пазарот на трудот. Од самата најава имаме зголемување на лиценцирање на лекторите. Повторно се вративме од 2017 година навака на стандардното полагање за лиценцирање лектори, наместо досегашно електронско полагање што не ги покажа резултатите, истакна Костадиновска Стојчевска.
Таа нагласи дека квалитетот е вратен како примат во овој процес.