ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Членството во НАТО и интегративниот пат кон ЕУ е влог во безбедна и просперитетна држава

June 13, 2023 13:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Северна Македонија направи сериозен исчекор во своето позиционирање и дека од земја што во минатото била препознаена по разни видови на кризи и секогаш барала помош, сега веќе е земја членка на НАТО Алијансата и сериозно и сигурно е на пат да ја оствари својата втора стратешка цел, а тоа е членството во Европската Унија. Оној влог кој е направен сите овие изминати години во политичка смисла на зборот во нашата држава, меѓутоа и сета поддршка која САД, која ни ја давале, ни ја даваат и ќе ни ја даваат во иднина навистина се исплатела, нагласува министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју за Гласот на Америка.

Петровска во интервјуто говори на повеќе теми, како местото и улогата на Северна Македонија во однос на безбедноста на регионот и колективната безбедност во НАТО, регионалната стабилност во контекст на состојбите на Косово, позицијата кон руската инвазија на Украина и донациите за украинската армија, како и процесот на модернизација на Армијата и родовата еднаквост во одбраната.

Станало збор и за модернизацијата на Армијата за која министерката информира дека е во тек, односно дека пристигна втората пратка на оклопни возила JLTV Oshkosh и согласно плановите, армиската НАТО единица треба да биде целосно опремена по највисоки стандарди до крајот на 2025 година, зашто во 2026 година претстои и НАТО оценување.

Во однос на набавката на нови хеликоптери, Петровска посочила дека процесот на евалуација на понудите од четири компании е завршен и дека станува збор за хеликоптери кои според потребите треба да се мултифункционални, да ги исполнуваат потребните капацитети на Армијата и да можат да одговорат на потребите на граѓаните при спасувачки и други видови цивилни мисии.

Tags: АРММакедонијаПетровска
Next Post

Полициска акција во Северна Митровица, уапсен припадник на српската „Цивилна заштита“

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk