ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претседавањето на С. Македонија со ОБСЕ – Меѓународна конференција за Економската и еколошката димензија

June 13, 2023 15:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
МНР. Фото: МИА

МНР. Фото: МИА

Во рамките на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, во Струга (14 јуни 2023) ќе се одржи Меѓународна конференција посветена на економската и еколошката димензија на Организацијата, како една во низата меѓународни конференции планирани да се одржат до крајот на годината.

Конференцијата се одржува во време на бруталната агресија на Русија врз Украина која, покрај тоа што претставува директно кршење на основните вредности и принципи на Организацијата, едновремено предизвикува и разорни економски последици како и еколошки катастрофи, што е посебно видливо од последниот напад на браната Какховка.

Имајќи ги предвид рефлексиите на актуелната безбедносна криза во ОБСЕ просторот врз глобалните економски текови, конференцијата ќе се фокусира и на изнаоѓање одговори за тешките предизвици од климатските промени, зајакнувањето на отпорноста на енергетската инфраструктура кон природни и катастрофи предизвикани од човечкиот фактор, вклучително и обезбедување стабилна и одржлива енергетска транзиција. Северна Македонија и преку оваа конференција дава придонес кон напорите за економското закрепнување и борбата против климатските промени, како суштински дел од концептот на ОБСЕ за сеопфатната безбедност. Во тој контекст, на Конференцијата ќе се дебатира и за борбата против корупцијата, како еден од приоритетите на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ.

Конференцијата ќе ја отвори Претседавачот со ОБСЕ, Министерот Бујар Османи, а ќе се обратат и Заменик на претседателот на Владата на Северна Македонија за политики за добро владеење – Славица Грковска, Министерот за економија Крешник Бектеши, Министерската за животна средина и просторно планирање – Каја Шукова, како и Заменик министерот за енергетика на Украина – Јарослав Демченков.

Воведна сесија на оваа меѓународна конференција ќе биде отворена за претставниците на медиумите.

Tags: МНРОБСЕС. Македонија
Next Post
Фото: Украинска правда

Организираниот криминал цвета во руските вооружени сили

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk