ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Социјалниот дијалог е моќно оружје за решавање на важни економски и социјални прашања

June 13, 2023 13:12
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се обрати на 111-та сесија на Меѓународната конференција на трудот, што се одржува во Женева, Швајцарија, која е највисокото тело за одлучување на Меѓународната организација на трудот, чијашто членка е и Република Северна Македонија.

Во своето обраќање министерката Тренчевска претстави дел од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија. И во таа насока таа го посочи приближувањето на ставовите и разбирањето помеѓу претставниците на работниците и работодавачите како една од целите на социјалниот дијалог на кои Владата на Република Северна Македонија им посветува посебно внимание.

„Неговата главна цел е, преку активно учество на главните чинители во светот на работата – работодавачите, работниците и нивните претставници, да го подобри квалитетот на одлуките и политиките на една земја”, истакна Тренчевска . Таа потенцираше дека, телата и процесите за социјален дијалог се моќно оружје за решавање на важни економски и социјални прашања, за справување со кризи, за поттикнување на добро владеење и социјална правда, за намалување на нееднаквоста, закрепнување на економијата и за промовирање на економски раст.
„Социјалниот дијалог води кон меѓусебно разбирање помеѓу општествените групи кои застапуваат различни интереси, со цел да се постигне решение за проблемите од взаемен интерес,” посочи Тренчевска.

Таа ја истакна важноста на вклученоста на сите релевантни чинители во општеството.

„Години наназад, Економско-социјалниот совет, како трипартитно тело на национално ниво, дејствува како форум кој е редовно консултиран за најважните предлог-закони, политики и мерки во социјално-економската сфера. Токму низ Економско-социјалниот совет се дискутирани и произлегоа решенија и мерки кои беа одговор на последиците предизвикани од пандемијата, од енергетската криза, а се со цел да се помогне на стопанството, но и на работниците и ранливите категории на граѓани,” истакна Тренчевска.

Таа се осврна на преговорите за Општиот колективен договор за јавниот сектор кои се во тек и чие последно потпишување датира од пред 15 години. Процесот на консултации трае, информираше Тренчевска и огромно ќе биде задоволството да дојдеме до решение кое можеби и нема да е совршено, но ќе биде резултат на успешен дијалог помеѓу Владата и социјалните партнери.

„Соочувајќи се со предизвикот на вработувањето на младите лица откако ќе го заокружат образовниот процес, долгорочната невработеност и честата вклученост во неформална работа, увидовме потреба од системски пристап во решавањето на проблемите со кои се соочуваат младите во Република Северна Македонија односно намалување на младинската невработеност и зголемувањето на вработливоста на младите лица,” рече Тренчевска.

Притоа ја посочи Гаранција за млади како една од Европските носечки иницијативи кој има за цел да им обезбеди на младите лица (15-29 години) во период од четири месеци од денот на евиденција во Агенција за вработување на Република Северна Македонија, квалитетна понуда за вработување, континуирано образование и обука или практиканство.

„Република Северна Македонија е првата земја која не е членка на Европската Унија, а од 2018 година и во континуитет успешно го спроведува проектот Гаранција за млади. Така, од нејзиното воведување во 2018 година до денес, над 80.000 млади лица се вклучија во истата. Речиси 40% од учесниците, добиле понуда за вработување, континуирано образование и обука и беа вклучени во практикантство, што се смета за позитивен исход,” истакна Тренчевска.

Министерката Тренчевска ја предводи македонската делегација на Меѓународната конференција на трудот во Женева. Како дел од делегацијата секоја година учествуваат и претставници на министерството, репрезентативниот синдикат и репрезентативното здружение на работодавачи.

Tags: МТСПсоцијален дијалогТренчевска
Next Post

Курти: Рама нека му го претстави на Белград нацрт-статутот за Албанците од Прешево

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk