ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Во време на сериозни глобални предизвици важно е да останеме посветени на борбата против корупцијата и да го промовираме доброто владеење

June 14, 2023 11:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, се обрати на отворањето на Конференцијата за економската и еколошката димензија на ОБСЕ – „Промовирање на безбедноста и стабилноста преку постигнување на одржлив развој и отпорен и инклузивен економски раст”, која денеска се одржува во Струга.

Изразувајќи задоволство што борбата против корупцијата и промоцијата на доброто владеење се дел од агендата на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, во време кога сме соочени со сериозни регионални и глобални предизвици, вицепремиерката Грковска истакна:

„Корупцијата ја нагризува довербата, одзема од ресурсите кои се наменети за општото добро и ја одржува нееднаквоста. Таа го кочи економскиот раст и го поткопува владеењето на правото и иновациите. Имајќи го тоа предвид, сеопфатниот пристап е единствениот кој може да донесе позитивни резултати и тој мора да вклучува превентивни мерки и цврста законска рамка која ефикасно се спроведува. Соработката меѓу владите, граѓанските организации и меѓународните институции е од суштинско значење за споделување на најдобрите практики, за поттикнување на взаемната поддршка и градење глобален сојуз против корупцијата.”

Осврнувајќи се на транспарентноста и отчетноста, кои се во сржта на доброто владеење, вицепремиерката истакна дека носителите на функции треба секогаш да дејствуваат во најдобар интерес на луѓето, но за да се осигураме дека овој принцип вистински се почитува, мора да продолжи јакнењето на надзорните институции, независните ревизии и да има отворени канали преку кои граѓаните отворено и без страв ќе зборуваат за овие проблеми.

„Кога лидерите понесуваат одговорност, се зајакнува довербата на јавноста во управувањето, а се намалува просторот за корупција. Во тој поглед неминовно е да се нагласи дека улогата на судството е клучна, особено кога станува збор за проблемот со неказнивоста, којшто што директно ги поткопува сите други напори на ова поле. Тогаш кога ќе се зголеми довербата во судството, силно верувам дека и резултатите во борбата против корупцијата значително ќе се подобрат.”

Вицепремиерката Грковска се осврна и на потребата да се приоретизира прашањето за корупцијата во доменот на животната средина, која ги загрозува екосистемите и го спречува еднаквиот и инклузивен развој и заклучи дека зајакнувањето на доброто владеење нè соочува со огромни предизвици, но и можности. „Мора да останеме посветени и да ги јакнеме најслабите алки во нашите заедници кои се порозни за коруптивни активности и да направиме сè што можеме за да изградиме општества засновани на доверба. Да ја прифатиме споделената одговорност и неуморно да работиме за создавање посветла и попросперитетна иднина за сите. Тоа се битки кои вреди да се бијат”, заклучи вицепремиерката Грковска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Грковскакорупција

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk