ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Ковачевски во посета на „ИТГМА“ : Со нашата поддршка, домашните компании може да се носат рамо до рамо со оние во развиените земји

June 14, 2023 13:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска беше во посета на ИТ компанијата „ИТГМА ДОО”–Скопје, специјализирана за компјутерско програмирање и консултантски услуги. Компанијата, која има над 100 вработени, е основана во 2009 година и освен во Скопје, има канцеларии и во Белград, Република Србија како и во Обединетите Арапски Емирати.

Компанијата е корисник на финансиска државна помош во износ од близу 95 илјади евра, со што го реализирала нивниот План за инвестицискиот проект за периодот од 2020 до 2024 година.

„Денеска сме во посета на една од најуспешните македонски компании, која се занимава со софтверските и консултантските решенија кои ги нуди не само на нашиот пазар туку и вон границите на државата. Тие работат во најразвиените сектори на денешницата во областа на телекомуникациите, областа на финансиите, во областа на банкарството и навистина претставуваат компанија која што не само што е брзорастечка компанија на нашиот пазар туку претставува и место каде младите може да се развиваат и подготвуваат за индустриите на иднината”, изјави премиерот Ковачевски, при посетата на оваа ИТ компанија.

Тој потенцира дека Република Северна Македонија не е веќе земја со евтина работна сила.

„Имаме задоволни граѓани кои ќе работат во компании тука во нашата држава, а не да работат во компании надвор од државата, во други земји од ЕУ. Навистина, кога ќе се види искуството на вакви компании кои работат и кои што подготвуваат софтверски решенија за земји, кои ги сметаме за поразвиени од нас тогаш може со гордост да кажеме дека и нашата држава може да се носи рамо до рамо со оние за кои што до вчера сметавме дека се поразвиени од нас во многу делови”, нагласи премиерот Ковачевски, кој истакна дека зачленувањето во ЕУ е врвен приоритет за државата.

Според него, зголемениот број странски инвестиции и зголемениот број на работни места се најдобар показател дека нашите граѓани се вредни, образовани и се препознаени кај инвеститорите како додадена вредност во нивните бизнис процеси.

Премиерот потсети и на владините мерки за поддршка на бизнисите.

„Минатата година ја заокруживме со над 750 милиони евра странски директни инвестиции и отворени се над 2.300 нови работни места. Бројката на вработени во технолошко-индустриските зони веќе надмина 17.000, само од 2018 година досега се 10.000 нови работни места. Радува фактот што новите работни места имаат плата што е над просечната плата и тоа е причината зошто платите во државата растат, тоа овозможува да растат и минималната плата, да расте и просечната плата, со тоа растат и пензиите и со тоа се зголемува животниот стандард на граѓаните” рече премиерот Ковачевски, нагласувајќи дека Владата покажа одговорност со најголемиот пакет на антикризни мерки во износ од над 760 милиони евра.

„Успеавме да помогнеме и на граѓаните, меѓутоа и на компаниите да ја задржат ликвидноста и со тоа да ги задржат и работните места. И затоа денес имаме 8% намалување на невработеноста и 9,5% зголемување на вработеноста во државата што само го потврдува фактот дека државата економски расте и се развива”, изјави премиерот Ковачевски. Тој додаде дека во текот на 2022 година државата инвестирала 23 милиони евра во директна помош за инвестиции на нашите компании и тоа над 410 компании, според Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

ИТ компаниите, како што кажа премиерот Ковачевски, се една од движечките индустрии и најголеми корисници на државната помош.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „ИТГМА“КовачевскиКомпании

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk