ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Отворен е реконструираниот објект на МВР зградата на Единицата за службени кучиња К9

June 14, 2023 13:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска е отворена реконструираната административна зграда на единицата за службени кучиња К9 во Хиподром во Скопје. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека овој проект кој што е финансиран од ОБСЕ, придонесува кон јакнење на капацитетите на МВР кога станува збор за проблематиката со контрола на малото и лесно оружје и муниција.

-Во годината во која нашата држава претседава со ОБСЕ, можеме да кажеме дека преку бројни проекти ги докажуваме приоритетите кои се насочени кон континуирано унапредување на институционалниот капацитет. Етаблираме нови знаења и вештини, ја зголемуваме професионалноста на вработените, а со тоа и безбедноста на граѓаните, рече Спасовски кој денеска присуствуваше на свечено отворање на овој објект.

Спасовски ги  истакна и  дел од проектните активности што МВР во партнерство со ОБСЕ ги спроведе, а во насока на низа градежни активности за унапредување на условите за работа и тоа: Заедничките контакт центри Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Блаце и седиштето на МВР во вредност од околу 490 илјади евра, надградбата на инфраструктурата на Единицата за службени кучиња во Хиподром, касарна Илинден и во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ во вредност од повеќе од 1.240.000 евра, како и донацијата од Мисијата на ОБСЕ наменета за Единицата за службени кучиња во вредност од 248.000 евра со која е овозможена подобрена мобилност на МВР преку специјализирани возила, приколки и друга опрема, а со цел зајакната оперативност за откривање на мало и лесно оружје, подобрена функционалност и услови за работа со службените кучиња во насока на намалување на ризикот од пролиферација на оружјето.

На свеченото отворање денеска присуствуваше и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал, кој ја потенцираше важноста од градење на мрежи и соработка помеѓу сите инволвирани страни.

-Денеска одбележуваме пресвртница во работата започната во 2021 година, кога го започнавме нашиот проект за намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје во Северна Македонија, во соработка со Министерството за внатрешни работи. Не можевме да стигнеме овде без ова блиско и успешно партнерство и без дарежливоста на нашите донатори – САД, ЕУ, Германија, Франција, Белгија, Норвешка и Словачка – без кои овој проект не би бил возможен. Оваа локација е само една од трите кои Мисијата ги има обновено. Инвестиравме и во објектите на специјалните полициски единици во Ѓорче Петров и касарната „Илинден“, обезбедувајќи ефикасно распоредување на ресурсите на К9 од повеќе локации. Веќе видовме некои од резултатите од нашата инвестиција, бидејќи единицата К9 продолжува да игра важна улога во клучните операции, како што беше за време на неодамнешниот бран закани со бомби, истакна амбасадорот Вал.

Министерот Оливер Спасовски му врачи плакета на амбасадорот Килиан Вал за успешната соработка и континуираната поддршка во модернизирање на капацитетите на МВР.

Делегациите извршија и увид во градежните активности финансирани од ОБСЕ, за потребите на Единицата за службени кучиња на МВР, по што следуваше показна вежба од страна на Единицата за службени кучиња антитерористички преглед на возило, пребарување оружје и муниција, пребарување на наркотични средства, како и обука на млади кучиња за детекција на мириси за било која специјалност.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: кучиња К9МВР

НАЈНОВО

Фото: МИА

Коцевски за синоќешната акција во Кочани: За приведените 13 полициски службеници постојат основани сомненија за сторени тешки дела против општата сигурност

June 13, 2025

Сиљановска Давкова: Не е проблем да разговарам и со премиерот Жељазков, да дојде до израз европската креативност

June 13, 2025

Муцунски: Не можам да одговорам дали ќе има средба со Софија, но ние сакаме не една, туку повеќе средби и редовна комуникација

June 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија поведе против Молдавија во Дејвис купот, Мицов го донесе првиот поен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Каја Шукова на НоваТВ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план ни за со ЕУ, ни без ЕУ, и тоа сериозно треба да ги загрижи граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk