ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Приклучување на Западен Балкан во ЕУ за заокружување на стабилноста на европскиот континент

June 15, 2023 11:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Миграциите се европски предизвик за кој е потребен европски одговор, преку заедничка политика, соработка и координација, а стабилноста на европскиот континент може да се заокружи само со приклучување на Западниот Балкан во Европската унија, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на сесијата „Управување со миграциите на релација ЕУ-Западен Балкан: солидарност и споделени обврски“, во рамки на третиот Преспа форум за дијалог што се одржува од денеска во Струга.

Миграцијата, потенцираше министерот, единствено може да се превенира и менаџира само доколку постои силно партнерство и соработка на сите европски држави без исклучок.

Само европскиот одговор на целиот овој предизвик, потенцираше Спасовски, може да биде вистинскиот одговор и да ги вклучи сите земји коишто и географски и природно припаѓаат на Европа. Европскиот одговор вклучува одговор и соработка со сите страни – и земјите на дестинација и земјите на транзит и земјите на потекло, бидејќи тие се упатени едни на други.

– Се ова што го правиме заеднички и секој предизвик, кој е заеднички за целиот регион мора да ја прати силната порака до земјите членки на ЕУ дека ЕУ не може да биде цела доколку ги нема земјите од Западен Балкан. Само на тој начин можеме да ја заокружиме стабилноста и безбедноста на целиот европски континент, рече Спасовски.

Тој оцени дека прашањето со миграциските политики, особено по настаните од 2025 година што директно ги почувствуваме сите и во годините пред нас ќе биде една од приоритетните теми на општествено политичките агенди, бидејќи претставува еден од најголемите предизвици со кој ќе се соочува светот.

– Тоа е не само поради тоа што од нашето соседство ни пристигнува најголемиот дел од мигрантите туку и поради фактот што и регионите од каде и се случи силниот миграциски бран, пред се, Блискиот и Средниот Исток, надополнети со инвазијата на Русија врз Украина и денес се далеку од реална стабилизација, оцени Спасовски.

Министерот посочи дека мигрантскиот бран што ја зафати Европа, а во кој Северна Македонија беше дел од т.н. Западно балканска рута покажа низа слабости и неподготвеност, не само кај земјите од регионот, туку генерално и во Европа.

Според него, огромна улога во справувањето со миграциите коишто се глобален проблем имаше и се уште има координацијата како незаобиколна точка без која мора да признаеме не можеме да претендираме пред се кон квалитетни системски нормативни решенија.

– Во делот на нелегалната миграција поради својата географска положба Северна Македонија е дел од западно балканскиот коридор и е земја на транзит. За овој коридор карактеристични се мешани миграциски движења вклучувајќи бегалци помеѓу земјите на потекло, земјите на Блискиот Африка, Азија и земјите на дестинација тука пред се земјите членки на ЕУ. Тие се составени од ранливи категории на лица меѓу кои се непридружувани деца, жртви на трговија со луѓе, бегалци и лица на кои е потребна меѓународна заштита. Меѓународните криминални мрежи ги користат мешаните миграциски движења за криумчарење на мигранти и жртви на трговија со луѓе од земјите на потекло па се до земјите на дестинации, информираше Спасовски.

Тој потсети дека пресрет на мигрантската криза во 2015 година без европско присуство на границите, нашето МВР иницираше и како што рече, многу успешно спроведе билатерални акции преку специјална мерка односно заедничка операција која од почетокот на кризата и непосредно до самото распоредување на персоналот на Фронтекс беше наш индикатор за успех, за учинок и напредок кон европските напори за безбедни граници, менаџирање и борба против илегалната миграција.

– Осум земји од географска Европа беа дел од овој подвиг, упатуваа полициски службеници на македонско грчката граница иако самите се справуваа со прилив на илегални мигранти на своја територија и со ковид кризата зашто искрено сакам да се заблагодарам на Чешка, Словачка, Полска, Унгарија, Словенија, Хрватска, Австрија и на Србија, посочи Спасовски.

За МВР и за Северна Македонија, како што рече, е од исклучително значење потпишувањето и на Договорот со Фронтекс, не само поради тоа што беше потпишан на македонски јазик, туку и од оперативен аспект,

Клучна активност на нашиот пат во одржливото управување со миграциите во Западен Балкан, како што посочи, претставува напредокот во реализацијата на меѓународната и прекуграничната соработка, зацврстена меѓународна доверба, зголемена размена на податоци на информации, која што е најдобриот показател за нашата подготвеност да го направиме безбедносниот амбиент да биде уште поповолен, а секако дека напредокот кон европските интеграции да биде уште побрз, не само за Северна Македонија, туку за сите држави во овој регион.

– И гледајќи во перспектива хронолошки, сега веќе сите страни, секоја организација и европска и меѓународна на миграцијата гледа како европски предизвик и кој бара европски одговор. Тоа е најважната работа што се случи во овој период – да разбереме сите дека не можеме ништо да направиме самостојно и дека справување со последиците со миграцијата е можно само ако имаме заедничка политика, порача Спасовски.

Tags: МВРПреспа форумСпасовски
Next Post

Мбапе решен да остане во ПСЖ до 2024 година

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk