ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Учество на претставници на Народната банка во билатералната фаза за областа „Економска и монетарна политика“

June 15, 2023 10:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка е активно вклучена во активностите на работните групи за подготовка на преговарачките позиции за пристапување на нашата земја во Европската Унија, по одделни поглавја и области и во тековниот процес на билатералната фаза на аналитички преглед на законодавството (англ. Screening) со Европската Унија. Во рамките на Кластерот 3 – Конкурентност и инклузивен раст, а конкретно за Поглавјето 17 – Економска и монетарна унија, свое излагање имаа Маја Андреевска, секретар на банката, во подрачјата за „Независност на централната банка” и „Забрана за монетарно финансирање, забрана за привилегиран пристап до финансиски институции и супервизорски активности на централната банка”, Султанија Бојчева Терзијан, директорка на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика во подрачјето „Политика на девизен курс” и Бојан Цветковски од Дирекцијата за трезорско работење, во подрачјето „Издавање евробанкноти и монети”.

Во подрачјето „Независност на централната банка”, претставниците на Народната банка истакнаа дека главната цел на централната банка е постигнување и одржување на ценовната стабилност, што е целосно во согласност со одредбите на Договорот за Европската Унија и Статутот на Европската централна банка и Европскиот систем на централни банки. Друга цел, подредена на основната цел, е централната банка да придонесува кон постигнување и одржување на финансиската стабилност. Централната банка го поддржува економскиот раст преку своите политики, без да го загрози постигнувањето на главната цел.

Во однос на правната усогласеност во врска со прашањето за независноста на централната банка, сите четири аспекти на независноста: функционална, институционална, персонална и финансиска, се јасно дефинирани и обезбедени во Законот за Народната банка, сепак постои потреба за зајакнување на законските одредби за институционалната и финансиската независност на централната банка, истакната и во повеќе последователни извештаи на Европската комисија.

Покрај тоа, во подрачјето „Забрана за монетарно финансирање, забрана за привилегиран пристап до финансиски институции и супервизорски активности на централната банка” беше презентирано дека националното законодавство е усогласено со европското и од аспект на забраната за монетарно финансирање, забраната за привилегиран пристап до финансиски институции и сл. Се истакна дека во делот на супервизорските задачи на централната банка, надлежностите од постојната правна рамка се проширија со Законот за финансиска стабилност од април 2022 година, со кој е воведен макропрудентен мандат на централната банка. Предлог-измените на Законот за Народната банка, коишто се во собраниска процедура, меѓу другото вклучуваат и нови одредби со кои дополнително се зајакнува мандатот за спроведување макропрудентна политика и преземање макропрудентни мерки, а се воведува и надлежноста за вршење активности за решавање банки.

Во однос на подрачјата „Политика на девизен курс” и „Издавање евробанкноти и монети” беше објаснето дека голем дел од обврските стануваат важечки од датумот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, а потоа и со воведувањето на еврото, но Народната банка уште во оваа фаза остварува висока усогласеност со законската и оперативната рамка на ЕК и ЕЦБ. Тоа се однесува на повеќе аспекти меѓу кои и спроведувањето на политиката на девизен курс, спроведувањето на монетарната политика, издавањето банкноти и монети и сл. На крајот беше истакнато дека како досега, така и во иднина, Народната банка ќе биде посветена на носење политики за зајакнување на способноста за преземање на обврските од членството во економската и монетарната унија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУНародна банкапреговори

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk