Обраќање на Премиерот Димитар Ковачевски на официјалното отворање на Преспа Форум за дијалог на панел сесијата на тема: „Пет години по Преспанскиот договор: предизвици претворени во можности“.
На првиот ден на Преспа Форумот за дијалог премиерот Ковачевски ќе оствари билатерални средби со Ејми Е. Поуп, новоизбрана генерална директорка на Меѓународната организација за миграција, како и со Мануел Сарацин, специјален претставник на германската Влада за Западен Балкан.
Преспа Форумот за дијалог 2023 на едно место ги обединува, домашните и меѓународните високи претставници, дипломати, истакнати личности од академската и деловната заедница, граѓанското општество и претставници на младински организации, кои имаат одлична можност лично да ги споделат нивните анализи, мисли и идеи за широк обем регионални и меѓународни теми.