ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ескобар бара ослободување на косовските специјалци уапсени во централна Србија

June 16, 2023 19:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Косово треба да ја укине забраната за увоз на стоки од Србија и забраната за преминување на возила од Србија преку административната линија со Косово, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар на онлајн брифинг со новинарите. Тој воедно побара од Србија веднаш да ги ослободи косовските полицајци, јави дописникот на МИА од Белград.

Ескобар истакна дека САД го поддржуваат ставот на Европска Унија дека одлуката не само што е антиевропска бидејќи ја ограничува слободата на движење на луѓе и стоки, туку и нема правна основа.

Тој ја нарече одлуката на косовската Влада „непотребна ескалација“.

САД бараат од Србија веднаш да ги ослободи тројцата косовски полицајци уапсени од Србија.

Ескобар изјави дека сè уште не се познати сите факти за тоа што точно се случило, но истакна дека има две верзии. Едната е дека полицајците биле киднапирани, а другата е дека ненамерно преминале на територијата на Србија и таму биле уапсени.

– Но, во секој случај, рече Ескобар, јасно е дека тројцата косовски полицајци „немале намера да бидат на територијата на Србија“, и затоа се бара нивно итно ослободување.

Ескобар рече дека ситуацијата во Косово е регионално прашање и прашање на регионална стабилност и дека еден лидер не може исклучиво да одлучува што ќе се случува во регионот. Ескобар наведе дека оние земји кои не сакаат да се однесуваат како партнери, да соработуваат, ќе сносат последици.

Тој повтори дека САД, како и ЕУ, сметаат дека мора да се спроведе планот од три точки што беше претставен претходно, што подразбира градоначалниците да ги извршуваат своите функции на алтернативни локации, специјалните полициски сили на Косово да бидат повлечени од српските општини, демонстрантите да бидат повлечени од улиците, одговорност да сносат сите кои учествуваа во насилството врз припадниците на полицијата и КФОР, да се одржат нови избори со загарантирано учество на Србите. И Приштина и Белград да се вратат на дијалогот и разговорите за Охридскиот договор.

Извор: МИА

Tags: ЕскобарКосовоСрбија
Next Post
Сања Лукаревска. Фото: скриншот

Лукаревска: Не се водиме од партиските рејтинзи, ова е борба за стратешка цел за која ни треба единство

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk