Голема благодарност за нашите искрени партнери во германскиот Бундестаг, за усвојувањето на резолуцијата со која ги потврдуваат и признаваат македонската култура, идентитет и јазик и нѐ охрабруваат со ваква посветеност и ангажман да останеме на европскиот пат, сподели вицепремиерот Бојан Маричиќ.
„Во Европската Унија, која се карактеризира со голема разновидност на јазици и култури, јазиците се составен дел од нашето заедничко културно наследство. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа разноликост”, јасно стои во резолуцијата.
Никој не може да го одземе македонскиот идентитет и посебност, напротив македонската култура и јазик само ќе ја збогати Европската Унија.
2023 е клучна година за европската иднина на Северна Македонија. Германија е цврсто посветена на европската перспектива на Северна Македонија и решително ја поддржува земјата на нејзиниот пат кон Европската Унија. Во последните години земјата се врати на реален и амбициозен евроатлантски курс и реформски процес“.
Оваа резолуција потврдува дека се движиме во вистинската насока и нѐ охрабрува да вложиме максимални напори за да останеме активни во процесот на преговори, сподели Маричиќ на Фејсбук.