Во Гевгелија синоќа околу 20 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода С.З.(26) од Авганистан.
Претходно, на ул.„Маршал Тито“ во Гевгелија, информираа од МВР, тој бил затекнат со уште четири лица мигранти, двајца од Сиера Леоне и двајца од Конго, и по преземени мерки било констатирано дека С.З. ги пренесувал лицата преку државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија и за тоа им наплаќал.
– Мигрантите биле спроведени во прифатно – транзитен центар Винојуг, а С.З. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија денеска од МВР.