Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба синоќа на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје, го лишиле од слобода Д.Ј.(41) од Скопје.
Како што информираат од МВР, тој бил осуден на 13 години и пет месеци казна затвор за сторени кривични дела по член 237, член 215 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство и за доиздржување на четири години и 10 месеци од казната.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.