Најжестоките борби на контактната линија за време на украинската контраофанзива се забележани во три области. Руските напаѓачи претрпуваат големи загуби.
Ова на Твитер го објави британското Министерство за одбрана, повикувајќи се на разузнавачки податоци, пренесува Укринформ.
Продолжуваат жестоките борби на контактните линии, од кои најинтензивни се во областа Запорижја, на запад од Доњецката област и околу Бахмут.
„Во сите овие области Украина продолжува да спроведува офанзивни операции и постигна мали успеси“, додаде британското Министерство за одбрана.
„Двете страни трпат големи загуби, а руските загуби веројатно се најголеми од пикот на битката за Бахмут во март“, заклучува разузнавачката служба.
Како што објави Укринформ, одбранбените сили на Украина досега елиминирале околу 219.820 руски напаѓачи, 650 лица во текот на изминатиот ден.
Подготвил: Марта Пешевска
Извор: Укринформ