ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Отворен Балкан на културно поле почнува со Гала-концерт на Зубин Мехта и Филхармонијата во Белград

June 19, 2023 14:16
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата „Отворен Балкан“ во областа на културата започнува утре со одбележување на стогодишнината на Белградската филхармонија со Гала-концерт на Зубин Мехта и во присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, а потоа следи гостување на 22 јуни во Тирана и на 24 јуни во Скопје, со што ќе се означи почетокот на соработката на оваа иницијатива на полето на културата, јави дописникот на МИА од Белград.

Во неделата што претстои, иницијативата Отворен Балкан (ОБ) ќе ја открие и својата културна димензија. Помирување и културна толеранција, отворањето нови канали за комуникација за независните културни организации, нудење можност за регионално вмрежување, ќе биде нов чекор и задача во соработката на земјите од регионот.

Министерката за култура на Србија, Маја Гојковиќ, најавувајќи го почетокот на реализација на Отворен Балкан на културно поле, за РТС изјави дека иницијативата ОБ беше создадена најпрвин како платформа важна за економска соработка на земјите од ОБ или на оние кои ќе се приклучат во иднина, но на самитот во Охрид на министрите за култура се роди идејата, таа дефинитивно да се прошири и на културниот сегмент.

– По тој повод во Охрид ние тројцата како министри за култура на Србија, Северна Македонија и Албанија потпишавме меморандум за соработка во сите сегменти на културата, рече Гојковиќ.

„Сега веќе имаме соработка во областа на националниот театар што го почна Светислав Гонциќ, потпишаа и договори, три претстави, опери, балети, а се договоривме иницијативата Отворен Балкан во областа на културата да започне токму со прославата на стогодишнината на Белградската филхармонија, каде Зубин Мехта предложи да се одржат три концерти, првиот е во Белград, утрешниот Гала-концерт во присуство на министерката за култура на Северна Македонија, а потоа ќе се оди во Скопје и Тирана, со што ќе го означиме почетокот на нашата голема соработка во областа на културата, рече таа.

Гојковиќ најави и дека уметници од сите три земји на 13 јули во Културниот центар на Србија во Париз со голема премиера заеднички ќе имаат изложба „што е значајно за креативност на овие земји да се претстават во странство и ќе покажеме што ги обединува овие три земји во областа на културното и природното наследство“.

– Кустосот е личност која е многу позната во меѓународните кругови, како некој што е значаен за уметничкото творештво, таа избра тројца автори од трите земји, а Србија ја претставува Нина Кнежевиќ. Сите тројца уметници добија задача да го проучуваат она што не обединува на Балканот и во областа на заштитата на животната средина, културното наследство и сите тројца уметници ќе одговорат токму на таа тема, рече Гојковиќ.

Таа додаде дека наредната година во КИЦ на Србија во Париз, за време на Олимпијадата, уметниците од Отворен Балкан ќе имаат шест месеци настап и презентација.

Диригентот Зубин Мехта со својот успешен настап во Белград ја започнува својата регионална турнеја како дел од иницијативата Отворен Балкан, а ќе ја предводи Филхармонијата на концертите во Тирана на 22 јуни и во Скопје на 24 јуни.

На програмата на сите три концерти се Симфонијата бр. 7 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастична симфонија“ од Хектор Берлиоз.

– Многу сум среќен што ќе свириме во Северна Македонија и Албанија. Прв пат ќе настапам во Тирана, а по втор пат ќе бидам во Скопје. Бев во Скопје во 1963 година по разорниот земјотрес … Сигурен сум дека и во Скопје и во Тирана ќе имаме одлични концерти со Белградската филхармонија, изјави Мехта.

Tags: Зубин МехтаОтворен Балкан
Next Post

Урбанович: Разнесувањето на Каховската брана е крволочен чин со кој руските агресори уште еднаш докажаа дека нивна цел е уништување на сѐ што е Украина и украинско

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk