ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шаќири: До Владата не е доставен предлог училишната година да започне подоцна

June 19, 2023 13:24
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ

Предлогот училишната година да започне подоцна, а не на 1 септември, не е доставен до Владата, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали наставниците и синдикатите се консултирани за предлогот на МОН училишната година да започне на 11 септември, да има пролетен распуст и да заврши кон крајот на јуни.

– Се уште не е доставен предлогот до Влада. Тоа е дискусија што почна заедно со синдикатите, одговори министерот, појаснувајќи дека иако кај нас новата учебна година започнува на 1 септември, во други земји таа стартува подоцна.

Тој нагласи дека Владата ќе одлучи како е подобро за образовниот процес, нагласувајќи дека овие промени може да се реализираат и од септември, за што, според него, има доволно време.

– Доколку одлучиме за 1 септември, ќе биде петок. Доколку се одлучиме за втората варијанта, тоа е во средината на месец септември. Третата варијанта е почеток од 1 септември, но, исто така учениците да имаат пролетен распуст, појасни Шаќири.

Прашан дали новата учебна година ќе започне без проблеми, министерот одговори дека смета оти таа ќе биде една од поуспешните во делот на доставување на учебници уште од самиот старт.

Министерот беше прашан дали ќе има одговорност за тоа што биле пробиени тестовите на матурскиот испит.

– Имам побарано од Државниот испитен центар и Советот да ги има предвид сите закони и секое прекршување, да има заклучоци за образовниот процес во дел на препишување на државната матура. Ако имаше пробивање во дел на државната матура, ќе имаше други чекори. Но, и ние како општество во наредниот период сите да дадеме придонес за вакви случувања да има што помалку во образовниот процес, нагласи Шаќири.

Tags: МОНУчебна годинаШаќири
Next Post

Битиќи: Дигитализацијата донесе нова ера на пазарот на труд, од работниците се бараат специфични вештини и знаења

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk