ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во тек градежни активности на објект за нови 28 лица во Домот за стари лица д-р Иван Влашки

June 19, 2023 12:51
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, заедно со градоначланикот на Општина Берово, Звонко Пекевски и директорката на Домот за стари лица д-р Иван Влашки, Живка Бојчовска денеска го најавија отворањето на новата кујна за потребите на домот.

„Како Влада и надлежно министерство во континуитет работиме на унапредување на квалитетот на живот на старите лица. Како особено значајна сакам да ја истакнам соработката со локалната заедница, затоа што секоја општина најдобро ги познава потребите на своите жители,” истакна министерката Тренчевска.

Објектот е изграден со средства на Домот за стари лица и од општинскиот буџет, во вкупен износ од околу десет милиони денари и истиот ќе понуди нова услуга за корисниците.

„Сметаме дека преку обезбедување на сопствен оброк за корисниците, во Домот за стари лица, ќе се подобрат услугите во установата, корисниците ќе бидат уште повеќе задоволни, а воедно ќе се овозможат дополнителни работни места, а се надевам и дополнителни социјални услуги, во иднина, кои се разбира се во согласност со Законот за социјална заштита, ” истакна градоначалникот Пекевски.

Домот за стари лица во Берово е единствената установа од ваков тип во источниот регион и побарувачка за услугите од оваа установа е голема. Затоа, унапредувањето на услугите во установата, е од големо значење за населението од Берово и од целиот источен регион.

Директорката на Домот за стари лица, Бојчовска информираше дека, домот во моментов располага со 39 легла. Таа информираше дека во 2019 година, домот се проширил за 14 легла, во 2021 година за уште 10, а оваа година започна реконструкција на објект, ламела 4 која ќе обезбеди сместување за нови 28 лица.

Министерката Тренчевска во оваа прилика, информираше дека новата ламела 4 која е инвестиција на министерството за труд и социјална политика, е со вредност околу 11 милиони денари.

Тренчевска дополни дека, истовремено се работи заедно со општина Пробиштип и со општина Кавадарци на проектната документација за изградба на нови домови за стари лица.

Tags: д-р Иван ВлашкиДом за стари лицаобјект
Next Post

Кон „Поетроника“ на Андреја Салпе и Оливер Митковски

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk