Нивните сестрински партии не ја поддржаа резолуцијата и тоа навистина треба да ги загрижи ВМРО ДПМНЕ“ вели потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска за Актуел на Тера ТВ.
„Ако се вратиме назад на се ова што го разговаравме претходно, тие се најзагрижени за македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската култура, а некако не ги гледаме вложувањата во тоа што ги правеле. Ништо не ги спречувало Законот за употреба на македонскиот јазик во периодот од 2006 до 2017 година да го донесат, апсолутно ништо не ги спречувало, меѓутоа тој закон некако нив изгледа не им бил во преден план, така што ако тие ја виделе резолуцијата, ако биле запознаени, а јас знам дека имаше најава дека таква резолуција ќе има во германскиот Бундестаг, требало и тие тогаш да направат контакт и средба со нивните сестрински партии како што ние како партија секогаш го правиме, за да можат да побараат поддршка и тогаш ќе имаше се надевам една друга слика.
На партиско ниво еве кога бев во парламентот, бев шеф на делегацијата во парламентарното Собрание во Советот на Европа, ние секогаш поддржувавме резолуции и политики кои што му одговараат на нашата партија, бидејќи тие политики секогаш беа за унапредување не само на она што ние го застапуваме како партија, туку се што е потребно. Конкретно, еве и во мешовитиот парламентарен комитет, секогаш кога има една резолуција која што ја носат одредени пратеници имаме политички консултации како тоа треба да изгледа.
Навистина е срамно за ВМРО ДПМНЕ, да не се исконсултира со нивната сестринска партија бидејќи тие постојано велат нашиот јазик, идентитет и култура се загрозени, а да не направат еден исчекор, да не побараат никаква поддршка. Токму затоа јас морам да кажам дека на еден начин ми е жал што очигледно дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ и неколкумин околу него ги држат како заложници и пратениците со некаков вид на потпишување на нотарски изјави дека нема да гласаат и ткн, бидејќи очигледно е дека и тие сватија дека навистина како влада и како партија ја носиме државата во многу правилна насока“ рече Костадиновска-Стојчевска.