ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Лажни се фотографиите од папата Франциск со знамето на ЛГБТИ

June 20, 2023 12:29
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На неколку фотографии се гледа како врховниот понтиф позира насмеан пред камерата со „знамето на гордоста“ на рамениците. Сепак, сликите се создадени со помош на алатка за вештачка интелигенција, тие не се реални. Фотографиите за првпат се споделени во твит од корисникот @TheGayForest на 3 април. Не е првпат папата Франциск да биде предмет на лажни слики создадени со вештачка интелигенција. Во март 2023 година, се ширеа фотографии на понтифот кој носи модерни палта и позира со очила за сонце. Сликите станаа вирални и ги измамија луѓето ширум светот, пишува Вистиномер.

Текстот го пренесуваме во целост

Од 1 јуни се слави „Месецот на гордоста на LGTBIQ+“ и оттогаш кружат дезинформации поврзани со заедницата. На социјалните мрежи во последните неколку дена се споделува колаж направен од четири фотографии на која се гледа како папата Франциско позира со знамето на гордоста. На фотографиите дадени во рамките на објавата, папата е прикажан како  на неговите рамења  го држи знамето на LGTBIQ + заедницата.

Колажот уште од сам старт предизвикува сомнеж за неговата вистинитост, бидејќи никогаш не се видело висок претставник на Католичката црква да се појави со еден од најголемите симболи на ЛГТБИ заедницата.

Извршиме верификација на фотографиите преку обратно пребарување во Гугл Ленс за да го лоцираме потеклото на колажот. Ако фотографиите беа вистински, вакви историски портрети требаше да бидат објавени во светските мејнстрим медиуми, но тоа не е случај.

Фотографиите не се појавуваат на ниту една голема медиумска веб-страница во светот. Ниту, пак, се објавени од официјалните профили на папата Франциск или Католичката црква.

Колажот од фотографиите, всушност, е направен со помош на алатка за вештачка интелигенција.

Фотографиите за првпат се споделени во твит од корисникот @TheGayForest на 3 април.

Pope Francis is looking pretty good with his new #pride flag.#gay #gaypride #PopeFrancis #PopeFrancisPride #gaylove #Vatican #CatholicChurch #Church #LGBT #LGBTQIA #midjourneyv5 #midjourney pic.twitter.com/t2IoUb2X1h

— Gay Forest (@TheGayForest) April 3, 2023

Текстот на објавата на овој твит дава индикации дека анализираните слики не се реални, пред сè, затоа што меѓу ознаките вклучени во објавата има две спомнувања на програмата за вештачка интелигенција со која се создадени повеќето лажни слики проверени оваа година, а тоа се #midjourney и #midjourneyv5.

Midjourney е име на програма за вештачка интелигенција способна да создава слики од описите на корисници.

Новата техника за генерирање слики со вештачка интелигенција користи невронски мрежи (колекција на компјутерски симулирани неврони, моделирани врз невроните на човечкиот мозок, кои се дизајнирани да препознаваат обрасци), за генерирање, усовршување и подобрување на сликите врз основа на внесување текст од корисникот.

Моделот е „обучен“ од база на слики и системите ќе продолжат да ја усовршуваат генерираната слика, водена од внесувањето текст. Како резултат на тоа, се создава висококвалитетна и контекстуално релевантна слика по голем број чекори за усовршување на сликата.

Како и во сите случаи кои вклучуваат слики произведени со вештачка интелигенција, овие фотографии често имаат недостатоци во најмалите детали. И овој случај се забележуваат такви недостатоци. Прстите на раката со кои Врховниот понтиф го фаќа знамето со пурпурната лента се деформирани.

Не е првпат папата Франциск да биде предмет на лажни слики создадени со вештачка интелигенција. Во март 2023 година, се ширеа фотографии на понтифот кој носи модерни палта и позира со очила за сонце. Сликите станаа вирални и ги измамија луѓето ширум светот.

Вистиномер ја класифицира оваа објава како невистинита. Колажот од фотографии на папата Франциск со знамето на ЛГБТИ+ заедницата се направени со помош на вештачка интелигенција и не се реални.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: лажни фотографииЛГБТ знамеПапа

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп му одговори на Маск и му се закани со ДОГЕ: Без субвенции ќе се вратиш во Јужна Африка

July 1, 2025

Гутереш апелира за помош на Украина во обновата

July 1, 2025
AI Generated Image

Маск го нападна законот на Трамп за даноци и трошоци

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk