ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: За прв пат од независноста изготвивме и денес ја презентираме нацрт стратегијата за развој на лозарството и винарството во наредните 10 години

June 20, 2023 15:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Значењето на секторот лозарството и винарството е една од најзначајните стопански гранки за нашата држава уште од нејзиното осамостојување, па до ден денес. Овој важен сектор е втор најголем извозник од делот на земјоделството, па оттука неговиот иден развој бара од сите нас подолгорочен, конкретен и предвидлив стратешки пристап“, изјави денеска министерот Љупчо Николовски од денешната презентација на нацрт- десет годишната стратегија на винартство и лозарство.

„Подготвувањето на стратегијата е законска обврска на министерството уште од 2010 година, но денес сме сведоци на едно темелно и сопфатно вложување од страна на сите чинители во подготовката на стратегијата, за да имаме документ кој ќе носи развој и нови успеси во овој сектор.

Активностите за изготвување на овој стратешки документ започнаа уште во 2019 година преку изготвување на екпертско истражување за состојбите со лозарството и винарството.

Потоа активностите продолжија со формирање на работна група составена од претставници на сите засегнати страни, за преку своето искуство да дадат придонес при подготовката на овој значаен документ. Оваа работна група преку повеќе работилници, дополнителни истражувања и анализи го изготви овој документ кој денес е на јавна расправа.

Главната стратешка цел на оваа десетгодишна стартегија е зајакнување на конкуретноста на македонската винска индустрија во делот на лозарството и винарството, со цел искористување на целосниот потенцијал на индустријата. За да стане препознатлив вински бренд на регионалните и интернационалните пазари, преку фокусирање на локални сорти и поднебјата за истакнување на нивните најдобри карактеристики.

За реализација на оваа поставена стратешка цел утврдени се и следните приоритетни стратешки цели: интеграција на сите чинители од секторот, модернизација, поголема промоција и зголемување на препознатливоста на македонското вино на надворешните пазари за зголемување на извозот на различен пазар, развој на винскиот туризам, како и мерки за заштита од климатски промени и обезбедување на одржливост и зачувување на биодиверзититетот кај лозовите насади.

Анализата на институционалната и правната рамка содржана во оваа нацрт стратегија, покажува позитивен правец кон добра интеграција на секторот. Споредено со почетната ситуација, кога примарното производство на суровината – винско грозје, беше строго одделено од производството и пласманот на виното, кои беа под ингеренции на Министертсвото за економија во минатото. Сега, целиот процес е под ингеренција на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, односно Секторот за винарство лозарство и овоштарство.

Понатаму, регистарот на лозови насади, воспоставен на целата територија на државата во 2010 година дава податоци за површините под лозје (приближно 23 илјади хектари) во кој се содржани и податоци за сортите, старосната структура, начинот на наводнување.

Вкупните капацитети за производство на вино се 1.72 милиони хектолитри, што е за два пати повеќе од вкупното производство на вино. Додека пак капацитетите за производство на вино во шишиња се само 650 илјади хектолитри.

Од вкупно 247 винарски визби, регистрирани до денес, 165 се физички лица односно семејни винарии и 82 правни лица, од кои 42 се со капацитет за преработка и чување со над 50.000 литри вино и во иднина треба да бидат двигатели на извозот на вино.

Малите семејни винарии кои пред се насочени кон винскиот туризам и руралниот развој, како такви, треба да бидат предмет на континуирана поддршка на програмата за рурален развој и останатите програми за поддршка, со цел нивна поголема промоцијата и маркетинг за да имаат финализација на флашираното вино.

Од повеќегодишната анализа на извезените количини вино, се забележува позитивен тренд на извезено флаширано вино во однос на наливното. Од апсолутна доминација на наливното вино, пред 18 години (во 2005: 92% извезено наливно ниво), процентот на флаширано вино во 2022 година веќе достигнува 31% од вкупно извезените количини на вино од земјава.

Бројот на нови земји на листата увозници е зголемен на преку 25, а допрено е и до надворешни пазари кои порано не биле стандардни дестинации за нашето вино. Меѓутоа, извозната и следствено малопродажната цена на нашето вино е несразмерно ниска во однос на останатите вина кои се нудат на странските пазари. Оваа разлика покажува дека постои голем простор за напредок во повисоките сегменти на пазарот на вино во шише.

Визијата за развој на секторот е јасно отсликана со подготовката на новиот Закон за вино чие донесување ќе следи во 2023 година, а каде најголемите измени се однесуваат во делот на Географските ознаки и нивна заштита кои целосно се усогласени со Регулативата 1308/2013 од Европска Унија.

Градењето на Географски Ознаки за вино подразбира дека производителите се способни да развијат производи поврзани со потеклото кои имаат специфични квалитативни својства; кои се со постојан квалитет; неодвоиво се поврзани со местото каде се произведуваат; и кои можат да изградат добра репутација со текот на времето и преставуваат алатка за градење на препознатливоста на македонското вино на странските пазари.

Согласно предвидувањата во овој стратешки документ, до крајот на десет годишниот период за реализација на оваа стратегија се предвидени следните резултати:

* Зголемување кај извозот на вино во шишиња во литри за 50%
* Зголемување на вредноста на извозот на вино во шишиња над 50% во евра
* Зголемување на вредноста на наливното вино за 10% во евра
* Најмалку три заштитени географски ознаки
* Минимум 10% од виното пуштено во промет да носи географска ознака до крајот на 2033
* Обновување (реструктурирање) на лозовите насади за 30%
* 5% зголемување на површината под лозови насади
* 4% од лозовите насади да произведуваат органско сертифицирано винско грозје
* 40% лозови насади на целата територија на земјата да бидат одржувани со примена на добра земјоделска пракса, во насока за зачувување на животната средина и биодиверзитетот
* Селектирани клонови за Кратошија, Вранец и Станушина
* Јавно достапен и функционален дигитализиран лозарски катастар под МЗШВ
* Зголемен број на посети во винарските визби за 15% до крајот на 2033“, порача Николовски во своето обраќање.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: лозарствоМЗШВНиколовски

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk