Шефот на Украинската разузнавачка служба Кирило Буданов денеска изјави дека постои реална опасност од експлозија во нуклеарната централа Запорижја и дека руските сили ја минирале постројката за ладење, објави Кијив индипендент.
За жал, отсега постои одредена закана. Нуклеарната централа Запорижја беше и е под привремена контрола на руските окупаторски сили, истакна Вуданов, додавајќи дека Русите веќе спречиле нормален пристап до вода за ладење на нуклеарката со уривање на браната Каховка.
Тој вели дека биле минирани делови на нуклеарната централа Запорижја, пред се постројките за ладење.
Доколку постројката ја исфрлат од погон со кревање во воздух, голема е веројатноста тоа да предизвика сериозни проблеми, нагласи Буданов.
Г. Т.