ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

June 21, 2023 13:21
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Со колективниот договор претходните две години имаше зголемување на платите за десет проценти во високото образование и наука и последнава година, односно мајската плата на вработените во високото образование беше зголемена за приближно 18 проценти, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Северна Македонија – СОНК, Јаким Неделков, кој денеска одржа прес-конференција во врска со имплементација на Колективниот договор за високо образование и наука заедно со Независниот академски синдикат – НАкС.

– За жал имаме работни места кои што не се вклопија во ова зголемување, а тоа е едноставна причина што спаѓаат во групата на зголемување на плати врз основа на порастот на минимална плата и кај нив имаше зголемување во март месец, односно април со мартовска плата, каде имаше зголемување за 12,55 проценти, рече тој.

Неделков информираше дека колективниот договор е исполнет во целост, а, како што рече, успехот го припишува на двата синдиката.

– Ни останува сите оние недостатоци кои што ги утврдивме при реализација на колективниот договор во однос на работните места, во однос на непостоечки работни места во колективниот договор, а практично ги има на терен, секаде онаму каде што минималната плата ја прави онаа, како што рече таканаречена „урамниловка“, сите тие работи треба да се коригираат, рече тој.

Дополни дека не станува збор само за тие работни места. – Се разбира и не само тие работни места, туку тоа што беше договарано, работа во фази на овој колективен договор останува подигнување на коефициентите по работни места, или, така како што беше договарано, распонот на работни места од најниската плата до највисокото образование да биде 1 спрема 5, рече тој, дополнувајќи дека тоа е втората фаза за која што, како што рече, ќе работат во наредниот период.

– Јас сум уверен дека во преговорите кои што ќе отпочнат многу скоро со Министерството за образование и наука, дека овие коефициенти ќе бидат искорегирани, така како што беше, дополни тој.

Претседателката на Независниот академски синдикат, Елена Џукеска, истакна дека пред потпишувањето на овој гранков колективен договор платите во високото образование многу долг период не само што не биле покачени, туку и буквално се раководеле по некои документи создадени во времето на СФРЈ.

– Ова е прво сеопфатно воведување на регулација на нашата дејност. Се разбира дека за две години не можеме да очекуваме да бидат сите проблеми што произлегуваат од имплементацијата, но е многу важно како почеток, рече таа.

Дополни дека констатацијата после две години имплементација на договорот е дека е неопходно системско решение.

Она што го констатиравме после две години имплементација на овој договор е дека всушност најдобро за сите нас е да има едно системско решение кое што ќе биде основа која што ќе може да се имплементира за сите јавни високообразовни и научни установи, наспроти парцијалните решенија кои што можат да се склучат на ниво на работодавач, рече таа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: НеделковСОНК

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk