ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски – Предоју: Продолжуваме заедно за побезбедна Европа

June 21, 2023 16:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Букурешт се сретна со својот романски колега, вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Романија, Марјан-Каталин Предоју.

Како што соопшти МВР, министерот Спасовски упати честитки до колегата Предоју по повод назначувањето на функцијата вицепремиер и министер за внатрешни работи на Романија.

-Притоа, тој изрази задоволство за можноста за соработка на прашања од заеднички интерес како за двете министерства за внатрешни работи, така и за двете пријателски земји. Оценувајќи ја досегашната билатерална соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи како плодна и отворена, министерот Спасовски го изрази своето уверување дека таа ќе продолжи да се развива со зголемен интензитет и во иднина, информира МВР.

Спасовски истакна дека одличната соработка е резултат на добрите односи меѓу двете земји и ги потврди  нашите заложби за нивно зацврстување и одржување, како и нашата заедничка позиција во спротивставување на актуелните безбедносни закани, одржување на мирот, стабилноста и безбедноста на нашите граѓани и држави.

-Клучен фактор во овој вид соработка игра и местоположбата на СЕЛЕК Центарот во Букурешт, кој претставува уникатна оперативна организација, која ја олеснува брзата размена на информации меѓу агенциите за спроведување на законот од земјите членки во делот на прекуграничен криминал, а  координира и регионални операции, ставајќи ги на едно место ресурсите од 12-те земји членки, меѓу кои и Романија, за откривање и разбивање на криминални мрежи, рече министерот Спасовски, додавајќи дека меѓународната оперативна соработка, која е на високо професионално ниво, се остварува преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка и подразбира брза, квалитетна и ефикасна размена на оперативни сознанија, односно редовно постапување по барања упатени од двете држави за различни видови проверки во сите форми на организиран и сериозен криминал.

Како уште еден показател за одличната билатерална соработка, министерот Спасовски го посочи Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Романија за зацврстување на соработката во областа на внатрешната контрола и спречување и борба против корупција.

-Со Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Романија за зацврстување на соработката во областа на внатрешната контрола и спречување и борба против корупција испративме сериозна порака за сузбивање на коруптивното однесување на полициските службеници и другите вработени лица во надлежните органи, како и на организираните криминални групи кои се бават со овие незаконски активности. Во рамки на Договорот веќе се воспостави заедничка соработка помеѓу двете министерства за внатрешни работи, како што е обуката од областа на внатрешната контрола и спречување и борба против корупција во Романија, Букурешт. Истовремено, нашата соработка дополнително се зајакна со потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Романија за поддршка и соработка во областа на заеднички обуки, кој има за цел реализација на програми за размена стручен кадар и кадети, размена на искуства и податоци, изработка на заедничка програма за обука, како и спроведување заеднички обуки и проекти, истакна Спасовски.

Министерот за внатрешни работи на Романија Марјан Каталин Предоју, соопшти МВР, ја  истакна  добрата соработка помеѓу двете министерства за внатрешни работи, со уверување дека тие и во иднина ќе продолжат да ги поддржуваат нашите заложби по прашањата од заеднички интерес како што се борбата против илегалната миграција, тероризмот, компјутерскиот  криминал и размената на обуки и искуства помеѓу полициските службеници.

Тој подвлече дека во нив имаме партнер и поддржувач не само на билатерален  план туку и на регионало ниво.

-Предоју во оваа прилика истакна дека особено го цени учеството на нашите претставници во СЕЛЕК со кои изминатиов период имавме успешна  реализација на голем број заеднички истраги. Од страна на министерот Спасовски беше упатена покана за посета на МВР на Република Северна Македонија, која министерот Предоју со задоволство ја прифати. На крајот од средбата министерот Спасовски се заблагодари за целокупната поддршка што ја дава Министерството за внатрешни работи на Романија на билатерално и на меѓународно ниво, а особено во напорите за европска интеграција, наведува МВР во соопштението.

Tags: Марјан-Каталин ПредојуОливер Спасовски
Next Post
Фото:Собрание

Подготвителна сесија во Собранието со европратениците Шидер, Валсман и Ќучук за дијалогот Жан Моне

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk