Екипажот на подморницата Титан е изгубен, нејзината рамка за спуштање на дното и задниот капак се пронајдени денеска меѓу остатоците недалеку од потонатиот брод Титаник, соопшти компанијата Оушн Гејт.
„Сега веруваме дека нашиот извршен директор Стоктон Раш, Шахзаде Давуд и неговиот син Сулејман Давуд, Хамиш Хардинг и Пол-Анри Наргеоле, за жал се исчезнати“, се вели во соопштението на приватната компанија.
Во соопштението се вели дека патниците биле вистински истражувачи кои споделувале посебен дух на авантура и длабока страст за заштита на светските океани.
„Ова е исклучително тажно време за нашите посветени вработени кои се исцрпени и длабоко тажни поради оваа загуба. Целото семејство на Оушн Гејт е длабоко благодарна на мажите и жените од многуте организации на меѓународната заедница кои толку напорно работеа на оваа мисија“, соопштија од компанијата.
Поврзано:
Трка со времето во Атлантикот, екипажот на Титан останува без кислород околу пладне