Полициски службеници на СВР Тетово, синоќа во 00:15 часот, го лишиле од слобода 32-годишниот В.И. од гостиварски Градец.
-При претрес во угостителски објект и помошни простории во ова село, кои ги користел, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, информираат денеска од МВР.