Земјотрес со интензитет од 2,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 9 часот и 53 минути со епицентар на 11 километри западно-северозападно од Берово. Потресот бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата.
Како што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, телеметриската сеизмолошка мрежа земјава го регистрирала земјотресот со епицентар на 113 километри југоисточно од Скопје во Делчевско-беровското епицентрално подрачје
Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во Берово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.