ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мнозинството Британци сметаат дека Обединетото кралство згреши што ја напушти ЕУ

June 23, 2023 09:44
in ДЕНЕС, СВЕТ

Седум години по референдумот за Брегзит, повеќе од 50 отсто од Британците сметаат дека земјата направила грешка, покажува најновото истражување на јавното мислење, цитирано од ДПА.

Истражувањето е спроведено на почетокот на јуни врз репрезентативен примерок од  1.525 возрасни лица, од кои само 34 отсто и натаму сметаат дека Брегзит е вистинската одлука.

Резултатите, објавени од Институтот Тони Блер, исто така, покажуваат дека 18 отсто од оние кои гласале за напуштање на ЕУ сега сметаат дека одлуката била погрешна. Речиси 80 отсто сметаат дека Обединетото Кралство во иднина треба да има поблиски односи со ЕУ, при што 43 отсто сакаат Велика Британија повторно да се приклучи на ЕУ, а 13 отсто се за враќање само на единствениот пазар.

Нешто повеќе од една петтина од луѓето поддржуваат поблиски односи со ЕУ, но не како членка или дел од единствениот пазар.

Авторите на истражувањето, Антон Списак и Христос Цулакис, исто така, предупредуваат дека „се чини дека ставовите на оние кои гласаа на референдумот во 2016 година не се драматично променети. Место тоа, клучен двигател на оваа промена се ставовите на оние испитаници на возраст од 18 до 24 години кои не гласале во 2016 година, но кои во голема мера веруваат дека одлуката за заминување била погрешна“.

-Поголемиот дел од промените се чини дека се должат на помладите луѓе кои влегоа во електоратот, место значителен дел од гласачите кои го сменија своето мислење, додаваат тие.

придвижи дебатата напред од повторното водење на старите битки за тоа дали Брегзит е исправен или не, до дискусија како би требало да изгледа подобрениот иден однос со ЕУ“, нагласи тој. „ЕУ секогаш ќе остане клучен стратешки сојузник“.

Tags: анкетаБрегзитБританцигрешкамнозинство
Next Post
фото.ЕПА

Бајден и Моди ја поздравија новата ера на односи помеѓу САД и Индија

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk