Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин воведе „антитерористички мерки“ во главниот град Москва, поради ескалацијата на конфликтот меѓу руската војска и руските платеници од групата Вагнер, на Евгениј Пригожин.
⚡️⚡️ Military equipment can be seen on the streets of #Moscow. The National Guard is in the center of St. Petersburg
It is also reported that the passage to the presidential administration is blocked. pic.twitter.com/qpy7gLkpfp
— NEXTA (@nexta_tv) June 23, 2023
Собјанин утрово на својот канал на Телеграм напиша дека на улиците веќе се воведени зголемени сообраќајни контроли. Можни се и ограничувања на масовните настани, додаде тој.
„Како резултат на добиените информации, во Москва се спроведуваат антитерористички мерки за зајакнување на безбедноста“, напиша Собјанин. Тој побара разбирање од повеќе од 13 милиони жители на метрополата.
За зголемените безбедносни мерки на Телеграм напиша и гувернерот на Московската област Андреј Воробјов. Воробјов ги повика луѓето, доколку е можно, да се воздржат од патување со приватни автомобили во јужна Русија, каде што ситуацијата е особено тензична во моментов.
Traffic from #Voronezh towards #Moscow is completely blocked. Fighter jetshave been flying over #Ryazan since early morning.
In the #Lipetsk region, mass events were canceled after the Voronezh and #Rostov regions. The governor of the Rostov region asked residents not to go to… pic.twitter.com/cYuSB55nMM
— NEXTA (@nexta_tv) June 24, 2023
Автопатот М4 е затворен на границата меѓу регионите Липецк и Воронеж, изјави гувернерот на Липецк, пренесува Би-Би-Си.
Тој претходно потврди и дека рускиот воен конвој бил на автопатот.
М4 ја поврзува Москва со јужните региони, вклучувајќи ја Ростовската област и главниот град Ростов на Дон, каде што веќе се снимени вооружени луѓе и воена опрема.
Автопатот М4 е затворен на границата меѓу регионите Липецк и Воронеж, изјави гувернерот на Липецк, пренесува BBC.
Тој претходно потврди и дека рускиот воен конвој бил на автопатот.
М4 ја поврзува Москва со јужните региони, вклучувајќи ја Ростовската област и главниот град Ростов на Дон, каде што веќе се снимени вооружени луѓе и воена опрема.
Security measures have been stepped up in #Moscow.
“Security measures have been strengthened in Moscow, all the most important facilities, state authorities and transport infrastructure facilities have been taken under enhanced protection,” state-owned news agency TASS reports,… pic.twitter.com/9L732ahN56
— NEXTA (@nexta_tv) June 23, 2023
Шефот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, тврди дека неговите единици ја презеле контролата врз градот Ростов на Дон
Војската шета низ Ростов, а патролираат оклопни возила.
Пригожин кажа дека силите на „Вагнер“ ќе продолжат да го блокираат градот и ќе се движат кон Москва, освен доколку началниците на одбраната Сергеј Шојгу и Валери Герасимов не дојдат да го пречекаат.
Војниците на групата „Вагнер“ под контрола на Пригожин тргнаа кон Ростов на Дон, по неговото обвинување дека руската армија ги „уништува“ неговите борци.
Пригожин вети дека ќе го запре „злото“ на военото раководство и го најави „маршот на правдата“ на неговите војници.
Москва реагираше со покренување истрага против шефот на групата „Вагнер“, кој беше обвинет за предизвикување граѓанска војна.
Путин вели му е забиен „нож во грб“
Во своето видео обраќање, како што пренесува Би-Би-Си, рускиот претседател Владимир Путин ја осуди воената акција без да го спомене Пригожин
Путин вели дека некои Руси биле „измамени во криминална авантура“ – без конкретно да ги спомене бунтовните борци на Вагнер.
Тој вели дека иднината на Русија е загрозена, опишувајќи ги акциите на бунтовниците како „нож во грб“.
Без конкретно спомнување на шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, Путин вели дека високите „амбиции“ на некои довеле до „велепредавство“.
Рускиот претседател предупредува и на „неизбежна казна“ за оние што го делат руското општество. Тој вели дека сега е воспоставен антитерористички режим во главниот град Москва и во неколку други региони. Путин, исто така, нагласува дека се дадени сите „неопходни наредби“ за справување со кризата, ветувајќи дека ќе ја брани Русија.
Путин ги спомна платениците од Вагнер, но само за да ги пофали дека се бореле за Русија.
Британското Министерство за одбрана изјави дека ситуацијата во Русија е „најзначајниот предизвик во руската држава во последно време“
Тие објавија дека ова е отворен воен конфликт меѓу силите на Вагнер и руското Министерство за одбрана.
– Во операцијата што Пригожин ја карактеризираше како „марш за слобода“, силите на Вагнер се префрлија од окупирана Украина во Русија на најмалку две локации.
– Во следните часови лојалноста на руските безбедносни сили, а особено на руската Национална гарда, ќе биде клучот за развојот на кризата. Ова е најголемиот предизвик за руската држава во последно време, велат од Британското Министерство за одбрана.
Би-би-си јавува дека руската полиција извршила рација во седиштето на Вагнер во Санкт Петербург
– Полициски службеници влегле во Вагнер центарот на улицата Золнаја во Св. Петербург, пренесува Би-Би-Си.
Во зградата пристигнале два автобуса со интервентната полиција и Националната гарда, кои влегле заедно со луѓе во цивилна облека.
Веста за рацијата беше објавена и на каналот Телеграм, а се тврди дека луѓе со маски и автоматски пушки се распоредени во близина на мостот Благовешченск, каде што има хотел и ресторан поврзани со шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин.
Беше објавено видео од полициските сили кои влегуваат во Вагнер центарот и фотографии од вооружени мажи во близина на имотите поврзани со Пригожин.
„Во Русија сè допрва почнува“
Високиот помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски ги опиша дејствијата на Евгениј Пригожин како „антитерористичка операција“ и рече дека „во Русија сè допрва почнува“.
– Раздорот меѓу елитите е премногу очигледен. Да се согласите и да се преправате дека се е договорено нема да успее. Некој мора да изгуби: или Пригожин или колективот што е против него. Сè штотуку почнува во Русија, го цитира Ројтерс Михаил Подољак.
Ј. Ѓорѓиоски
Поврзано:
Тензии и тенкови низ Москва, судир меѓу „Вагнер“ и руските сили во областа Ростов