Македонија избори пласман во финалето на Тенискиот куп Billie Jean King – Група 3. Нашите девојки супериорно го освоија првото место во групата „А“. На патот до финалето беа совладани Албанија, Азербејџан, Финска, Исланд и Молдавија. Единствено против Финска беше извојувана победа од 2:1, а останатите мечеви завршија со максимални победи од 3:0. Во поединечна конкуренција беа остварени 9 победи од 10 меча, а без изгубен сет ги добивме и сите 5 меча во игри на двојки.
Финалето ќе се игра денес, во 10:00 часот, на терените на ТК „Југ“ во Градскиот парк во Скопје. Противник на Македонија е репрезентацијата на Ерменија, којашто ги доби сите мечеви во групата „Б“. Победникот во финалниот меч следната година ќе игра во Втората европска група, во којашто оваа година играат Грција, Грузија, Португалија, Израел и други силни репрезентации.
Нека се наполнат трибините. Заслужиле поддршка нашите млади девојки, предводени од нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа. Лина ги доби сите мечеви во поединечна конкуренција, како и одлучувачкиот меч во парови против фаворитот Финска.