Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак, постапките на шефот на руската платеничка компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска на својот твитер-налог ги опиша како „антитерористичка операција“ и кажа дека „во Русија штотуку почнува“.
Поделбата меѓу елитите е премногу очигледна. Согласноста и преправањето дека се е во ред едноставно нема да успее, напиша Подољак на Твитер.
#Prigozhin‘s (#Wagner) counter-terrorist operation on the territory of #Russia has already led to the capture of #Rostov, several federal highways, the headquarters of the Southern District and “#SMO.” The events gained widespread publicity in Russia and even an insulting legal… pic.twitter.com/2nNoxizcvP
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) June 24, 2023
Тој истакна дека „некој дефинитивно мора да загуби – или Пригожин… или колективниот „анти-Пригожин“, нагласувајќи дека „во Русија допрва почнува“.
Следните 48 часа ќе го дефинираат новиот статус на Русија. Или полноправна Граѓанска војна, или договорен Транзит на моќта, или привремен одмор пред следната фаза од падот на режимот Путин. Сите потенцијални играчи сега избираат на која страна ќе бидат. Во Русија засега владее заглушувачка „елитна“ тишина…, порача советникот на украинскиот претседател.
The next 48 hours will define the new status of #Russia. Either a full-fledged Civil War, or a negotiated Transit of Power, or a temporary respite before the next phase of the downfall of the #Putin regime. All potential players are now choosing which side they are on. A…
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) June 24, 2023
Г. Т.