Ситуацијата во Русија ескалира. Повеќе извештаи, засега непотврдени, говорат за борби во Воронеж, област северно од Ростов, на патот кон Москва.
Гувернерот на Воронеж, Александар Гусев, единствено потврди дека има пожар во нафтената рафинерија на периферијата на градот. Тој соопшти и дека операцијата за локализирање на пожарот е во тек и дека нема жртви.
Сепак, на социјалните мрежи, претежно на Телеграм, се појавија снимки од воен хеликоптер кој лета во правец на рафинеријата, потоа се гледа експлозија и огнена топка, а од локацијата се издига густ црн чад. Според друго видео, се гледа дека припадници на платеничката војска на Пригожин се наоѓаат во близина на инцидентот.
Во Ростов на Дон се слушнале повеќе експлозии во текот на изминатите три часа, според непотврдени извештаи од теренот.
Eдиниците на Пригожин се движат кон север од Ростов на Дон кон Москва. Анализите покажуваат дека следните 24 часа ќе бидат критични за Русија и Путин.
Џ. Д.