ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Париз најавува Резолуција за Македонија слична на онаа од германскиот Бундестаг

June 24, 2023 14:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот рече – сега прашањето на проширувањето не е кога, зашто колку побрзо, толку подобро, а тоа го кажал повеќе пати. Прашањето е поврзано со безбедноста, со одредени предизвици за развојот на ЕУ. Но, претседателот кажа дека има само едно, единствено прашање – како, под кои услови тоа проширување да се случи колку што е можно побрзо, како тоа да го постигнеме, вели францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомбгартнер, во интервју за „360 степени”, одговарајќи на дилемите во некои кругови во земјава кои велат – што и ако се направат уставните измени ако имаме нефункционален процес на проширување на ЕУ, при што најчесто се посочува на Франција како земја која не е расположена за прием на нови членки.

Објаснувајќи го „како”, францускиот амбасадор процесот го дели на два дела – првиот, преговори за членство до потполна интеграција и вториот, што се случуваат од моментот на европска интеграција.

-„За првиот дел, за време на преговорите за членство, ги имате принципите што фигурираат во новата методологија за проширување. Тоа значи дека Северна Македонија и сите земји кандидатки кои го почнале преговарачкиот процес треба да спроведат реформи, а тие реформи треба да бидат длабоки, суштински, за да можат да ги дадат резултатите. Потоа, ја имаме и таа градуелна интеграција – тоа значи дека државите кои напредуваат во спроведувањето на реформите ќе треба да имаат навистина предвремени бенефити пред да станат полноправни членки – повеќе финансии, учество во различни програми, во политики, во работни групи во Брисел итн. Треба да се објаснат начините за тоа. Тоа е првиот дел. За вториот дел би кажал дека по интеграцијата во ЕУ прашањето не се однесува за земјите кандидатки, туку за државите членки и за државните институции, а тоа е да знаеме како во една проширена Европа ќе направиме Европа да функционира на ефикасен начин и биде способна да се соочи со утрешните светски предизвици. Има голем број одговори, но едно од прашањата на кое работи една група, формирана меѓу Франција и Германија, е прашањето за напуштање на правото на вето, повеќе да не се одлучува едногласно или да се намалат прашањата за кои ќе се одлучува едногласно”, вели Сирил Бомбгартнер.

Од друга страна Лилијана Танги, пратеничка во француското Национално собрание од партијата на Макрон најави дека францускиот парламент би можел да донесе резолуција за македонскиот јазик слична на онаа на германскиот Бундестаг.

Поврзано:

Уставните измени не го загрозуваат македонскиот идентитет, смешен е „џокерот“ на Мицкоски

Tags: ЕУСирил БомбгартнерФранција
Next Post

Војна во Русија: Вагнер забрзано се движи кон Москва, се поставуваат бункери, полетал авионот на Путин?

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk