ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Бегај и Мета ја поздравија одлуката и порачаа дека дијалогот е единствен начин за нормализирање на односите Косово-Србија

June 26, 2023 15:46
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на албанската држава Бајрам Бегај и неговиот претходник и актуелен лидер на Партијата на слободата Илир Мета ја поздравија одлуката за ослободување на косовските полицајци и порачаа дека “дијалогот е единствен начин за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија”.

„Ја поздравувам одлуката и посакувам брзо и ефективно враќање на страните на масата за дијалог и спроведување на договореното во Брисел и Охрид“, напиша Бегај во објава на социјалните мрежи.

Мета, откако ја поздравува одлуката оценува дека ” иако е задоцнето, сепак, е позитивно дејство”.

Според него, враќањето на дијалогот и финализирањето на договорите што се преговараат преку ЕУ и САД е единствениот начин за конечно нормализирање на ситуацијата и односите меѓу Косово и Србија.

„Ослободувањето на тројцата косовски полицајци, иако одложено, е позитивно дејство, кое стави крај на еден многу сериозен провокативен чин. Враќањето на дијалогот и финализирањето на договорите преку ЕУ и САД е единствениот начин за конечно нормализирање на ситуацијата и односите меѓу Косово и Србија“, напиша Мета во објавата на социјалните мрежи.

Реагираше и лидерот на побројното крило на Демократската партија, поранешен шеф на албанската држава и екс премиер, Сали Бериша, кој одлуката ја оцени како политичка.

„Невиден чин од 50-тите до денес, односно без преседан дури и во балканските времиња на комунистичките диктатури, како што е киднапирањето на територија на Косово, на тројцата членови на косовската полиција, е надминат. Тројцата припадници на косовската полиција судот во Кралево ги ослободи по налог на со политичка одлука. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на американската влада, ЕУ, НАТО и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, кои побараа безусловно и итно ослободување на полицајците од косовските Албанци“, напиша Бериша.

Упати апел до косовските власти, целосно поддржувајќи го нивното право да воспостават закон, ред и безбедност на целата своја територија, да вложат максимални напори за деескалација на ситуацијата, да се вратат на дијалогот.

Tags: БегајБеришакосовски полицајциМетаослободени
Next Post
МНР. Фото: Ангел Ангеловски

МНР: ВМРО-ДПМНЕ стана фабрика за лажни вести

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk