ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

МПЦ се плаши од Вирџинија Вулф?

И во име на вековната и традиционална просветителска улога на нашата Црква, убаво би било таа да го искористи влијанието за описменување а не за дезинформирање на своите следбеници.

June 26, 2023 16:51
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ
Ана Василевска

Ана Василевска

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува:  АНА ВАСИЛЕВСКА 

МПЦ ќе го брани својот народ, децата и жените, најави денеска поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан и со видео-обраќање побара поддршка околу протестот пред Соборниот храм. Всушност, МПЦ-ОА, сите нас ќе не заштитувал од носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.

Не само што е апсурдна, туку е крајно несериозна ваквата изјава од страна на поглаварот а во име на свештенството и нивните верници. Апсурдна е затоа што овој Закон на ниту еден начин не го загрозува тоа што МПЦ ќе го штити, а несериозна е бидејќи звучи како политикански памфлет на десницата а не како порака од духовно лице претставник на една од најголемите религиозни заедници кај нас.

Неодамна и Владиката Петар распали по жените и морализираше пред верниците, така што се чини дека станува се пофрефентно медумско експонирање на Цркавата, и се забележува дека таа има тенденција да се наметне како политички фактор во секуларната држава.

Настрана што умешно ги спинува информациите, односно го презентира текстот од Законот на погрешен начин, со цел да навлече револт од страна на верниците и граѓаните, да мобилизира масовност, дури користејќи и една воинствена реторика „повикуваме во оваа борба за достоинство, слобода и заштита на основните верски права да се придружи верниот народ, граѓанските здруженија, организации и сите поддржувачи заедно да ја заштитиме нашата вера и традиција од обидот за нејзино ‘искоренување’ “

За искоренување на која традиција стравува МПЦ? Дали за традицијата да се отфрла прогресот, родовата еднаквост, зајакнување на позицијата на жената? Таа традиција на закоравена дикататорска логика, која наводно ја плаши МПЦ, единствено им врши работа на маскуларните десничарски движења кои на едноставен начин преку манипулација со т.н „семејни вредности“ успеваат да ја одржуваат покорноста кај гласачкото тело, додека нивниот „личен морал“ се идентификува со дебели банкарски сметки. Како Орбан, на пример.

Зачудува фактот дека МПЦ-ОА никогаш досега не сме го слушнале да се обедини и да се организира кога се потребни донации за лекување на деца, за изградба на прифатилишта за бездомни лица, шелтер центри за жртви на семејно насилство. Никогаш не се слушна нивниот глас, кога реки народ бараа правда на улиците, кога протестираа за скриено убиство, за тепање на студенти… Поглаварот, синодот, владиките, никогаш не брцнаа во атрактивните локации и имоти со кои располага МПЦ-ОА, за да ги отстапи на користење во некоја хуманитарна цел, ете барем да понудеа превоз за бегалци во нивните теренски возила (џипови)?! Молчат секако и пред фактот дека токму деца кои чувствуваат поинаков родов идентитет се изложени на булинг, и исто така молчат за „совршените семејства“ каде што се бројни фемицидите и насилството врз децата?! Можеа барем да го благословат и поддржат активистот Суад Мисини во неговиот протест со жед…,

Сега, овие тези дека се загрижени за децата и семејните вредности, поради предлог-законите за матична евиденција и родова еднаквост, наликуваат најблаго речено на двоен морал, и повторно ќе речам својствен за конзервативните политички структури, лична карта на опасните средновековни духови.

Политичката и општествена организираност, социјалните процеси се работа на системот, и секако дека не се лесни. Затоа, ова вмешување на Црквата во општествените текови личи на аматеризам со скриена агенда, кој може да и донесе повеќе штета отколку моќта која ја посакува. Уверена сум дека меѓу бројните верници на МПЦ-ОА има многу хумани луѓе кои со возвишената духовност се на страната на обесправените, на страната на правдата, еднаквоста, слободата, заштита на послабите.

МПЦ-ОА треба да се плаши од губење на овие верници од нивната заедница, бидејќи тие се носители на вистинската религиозна и духовна мисија на нивните канони, и да се наврати на бројните примери кога обидот на Црквата да воведува репресии предизвика контраефект и ги губеше своите поклоници.

И во име на вековната и традиционална просветителска улога на нашата Црква, убаво би било таа да го искористи влијанието за описменување а не за дезинформирање на своите следбеници.

Преземено: Нова ТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Г.Г. СТЕФАН ЗА ПОЛИТИКАИзмени на закон за матична евиденцијаМПЦ-ОА

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk