ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

УО на Националната развојна стратегија проширен со нови членови од бизнис и граѓанскиот сектор

June 26, 2023 14:46
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија се одржа состанок на Управниот одбор за креирање на Националната развојна стратегија кој е проширен со два нови членови, претставници на бизнис и граѓанскиот сектор.

Националната развојна стратегија (НРС) ќе биде сеопфатен документ за економскиот, социјалниот, еколошкиот и културниот развој на нашата држава во наредните две декади. Идејата на НРС е да обезбеди позитивна средина за национален консензус во земјата, долгорочни развојни приоритети, како и олеснување на политичкиот дијалог за стратешките цели кои треба да ги решат клучните предизвици за државата.

Токму поради тоа Националната развојна стратегија се создава низ инклузивен процес, преку кој се консултираат сите засегнати страни, вклучувајќи ги и директно граѓаните, со цел конечниот документ за визијата и иднината на Република Северна Македонија да биде консензуален и надпартиски, како и генерациски, меѓуетнички, родово и социјално сеопфатен.

Вицепремиерот Битиќи, кој се обрати на почетокот на состанокот ја истакна токму инклузивноста на процесот на креирање на Националната развојна стратегија, истакнувајќи дека само преку инклузивност и активна партиципација ќе го постигнеме потребниот и посакуваниот консензус за донесување, но и за имплементација и следење на целите зацртани со Националната развојна стратегија, додавајќи дека четирикратниот хеликс, односно државата, академијата, бизнисот и граѓанскиот сектор, треба да го осигура токму тоа.

Досега, со цел широки консултации, во процесот на креирање на НРС, се одржаа над 40 работилници, на кои своите идеи и визии за иднината ги споделија повеќе од 3.000 граѓани, претставници на бизнис и граѓанскиот сектор, млади, ранливи категории, синдикати и останати. Дополнително, сите граѓани имаат можност да се вклучат и да остават личен печат во креирањето на Националната развојна стратегија. Своите коментари, предлози и идеи на различни теми од клучно значење државата и општеството може да ги споделат на интернет платформата на Националната развојна стратегија www.nrs.mk.

Постојаната претставничка на Обединетите Нации, Росана Дуџак на состанокот потсети на почетокот на креирањето на стратегијата, како и за важноста на оперативната структура која ќе биде креирана околу неа која треба да го поддржи нејзиното имплементирање.

На денешниот состанок се зборуваше за тематските стратешки области околу кои ќе биде биде градена Националната развојна стратегија, кои во следните неколку месеци ќе се искристализираат низ процесот на широки консултации како и експертски трибини.

Сите присутни изразија задоволство од досега сработеното и поддршка за процесот кој следува, а тоа е самото пишување на стратегијата.

Членови на Управниот Одбор за креирање на Националната развојна стратегија се: Артан Груби, прв вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции, Славица Грковска, вицепремиер задолжен за политики за добро владеење, Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања, Фатмир Бесими, министер за финансии, Н.Е. Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Н.Е. Хенрик Маркус, амбасадор на Република Словачка во Северна Македонија, Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации во Северна Македонија, Маријана Мачашкова, министерство за финансии на Република Словачка, Глигор Каневче, македонска академија на науките и уметностите (МАНУ), Диме Велковски, пратеник, претседател на комисија за економија, Бојан Стојановски, пратеник, претседател на комисија за финансии и буџет, Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП, Методија Димовски, генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, Орце Георгиевски, претседател на ЗЕЛС, Анета Антонова Пешева, претседател, Собрание на МАСИТ, претставник на бизнис секторот и Данче Даниловска Бајдевска, програмски директор, фондација Метаморфозис, претставник на граѓанскиот сектор.

Процесот на создавање на Националната развојна стратегија го координира Владата на Република Северна Македонија, во партнерство со Канцеларијата на Постојаниот координатор на Обединетите Нации и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Креирањето на НРС е поддржано од Фондот за добро владеење на Британската амбасада во Скопје и од Министерството за финансии на Република Словачка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: бизнис секторграѓански секторНационална развојна стратегија
Next Post

Лога се сретна со координаторите на пратеничките групи во Собрание

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk