ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

 Делови од Македонската црква се „тастери“ на руските служби

June 27, 2023 07:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Во оваа препарирана и жолчна атмосфера, meritum на феномените и појавите може да стане спореден или сосема да се изгуби. Во светот на православните цркви, на разни начини сраснати со државите, етничките нации и локалните самоуправи чии имиња ги носат, не е секогаш лесно и едноставно на принципиелен начин да ги размрсите меѓусебните, вклучително и идеолошките и имотно-правните односи. Примери има безброј во таканаречениот „православен комонвелт“.

Од преписката која денес ја гледам и читам, на ист принцип како што ја гледам и читам со месеци наназад, помеѓу Епископот Стобиски г. Јаков и Квир Центарот во Скопје, приметувам една „нерамнотежа на немоќ“, и не сум сигурен дека политичките, црквените и парамилитарните структури, а има и такви екипирано околу Црквата, не би се осмелиле во некои радикализации затоа што не постои гаранција дека ќе завршат славно.

Од друга страна, не знам дали приметувате: Црквата едноставно „мора“ да се замеша во животот на неверниците, еретиците и поддржувачите на другите вери и идеологии. Зборувајќи за побожност на оној свет, таа (читај, Црквата) посакува моќ на овој свет. Што е потполно разбирливо. Неа, на крајот на краиштата не ја создал Бог, туку ја создал човекот сам. Притоа, Црквата не допушта коегзистенција на „полни“ и „родни“ различности, како што не допушта коегзистенција на различни вери. Не допушта од проста причина што и самата не верува во доволна мера во сопствените идеали кои ги проповеда.

Да го земеме примерот од Ирска, година 1996; тамо се одржа референдум со прашањето: „Дали Уставот треба и понатаму да го забранува разводот?“ Ирска, која во тоа време стануваше се повеќе секуларна држава, и мнозинството политички партии ги повикуваа гласачите да ја прифатат промената на Уставот. Наведоа два одлични аргументи. Како прво, не е во ред Римокатоличката црква и натаму, по пат на закон да го наметнува својот морал на сите граѓани и, како второ, доколку Ирска незапирливо од себе го отфрла важното протестантско малцинство на Северот така што стално ја држи отворена можноста за воспоставување на клерикална власт, тогаш очигледно е дека ќе биде невозможно да се гаи и најмала надеж дека Ирците на крајот сепак повторно ќе се обединат. На крајот разумот преовладува, Ирците се обединуваат, а на референдумот е одлучено во корист на промена на Уставот. И победуваат секуларните Ирци.

Со други зборови, соодветни за нашите прилики: јас сум на мисла дека дел од Црквата (не велам цела МПЦ), има за цел да го руши од власт Ковачевски. Позади целиот „мизансцен“ приметувам дека смрди и на Руска политика. Се разбира, немам никакви докази за тоа, ама на основа на индиции и податоци кои ги обработувам од медиумите, јас мислам дека Русите стојат позади дел од македонската Црква.

Законот за родова рамноправност е феноменолошка „патерица“ за иницирање на предвремени парламентарни избори. На сличен начин се обидоа и Заев да го рушат на 27. април 2017 година. На ист принцип, само сега со помош на делови од Црквата, Русите ќе се обидат Ковачевски да го симнат од власт, а со тоа, разбирливо – ќе ги запрат и евроинтеграциите.

Попатно, многу е глупаво да се анализираат изјавите на Епископот Јаков. Немојте да бидеме наивни и тргнеме да ги анализираме козметичките и маркетиншките трикови на овој исклучително заводлив човек. Начинот на кој „аргументира“, нахалноста и хистеризирањето по телевизиите и социјалните мрежи, мене ми делува како да се работи за хипер-проруска структура која ја работи својата работа скриена позади православната црковна наметка. Начинот на кој го пегла својот имиџ со месеци наназад, во најмала рака е комичен и нè упатува на сериозна инсуфициенција на познавање на политичките прилики, а во некои случаеви и интелигенција на оние кај кои тоа му успева.

Ако некој мисли дека претерувам, супер. Негов проблем.

Мојот категоричен став е дека делови на Македонската црква се тастери на Руските служби кои имаат за цел да го рушат Ковачевски. А со тоа и да не оттргнат од пријателството и помошта на САД.

И во конечноста – запирање на европскиот пат на Македонија.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline
Tags: Македонска цркваНЕНАД ЈОВАНОВИЌруски служби
Next Post

ИО на СДСМ: Дијалогот за уставните измени со ВМРО-ДПМНЕ да продолжи

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk