ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Поранешниот претседател на Уставниот суд на Албанија Башким Дедја казнет поради прикривање имот

June 27, 2023 09:50
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

 Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал, ГЈККО, му изрече условна казна во траење од една година на поранешниот претседател на Уставниот суд на Албанија, Башким Дедја, поради прикривање имот.

Специјалното јавно обвинителство, СПАК побарало една година затвор, но судот одлучил казната да биде 6 месеци затвор, која била преиначена во условна казна во траење од една година.

Од претседателската функција беше разрешен во декември 2018 година, откако не го мина ветингот во неможност да го објасни потеклото на својот имот.

Првата проверка за потеклото на имотот ја мина на 13 јуни истата година, но Јавниот комесар, посебна институција формирана во рамки на ветингот, на 26 јули ја обжали одлуката на комисијата, по што не ја мина втората проверка.

Станува збор за два стана, еден во Тирана и еден во Голем и заем од 10 илјади евра.

– За станот од 146 квадратни метри во Тирана имам кредит кој е со време на отплата до 2033 година, додека станот во Голем е во сопственост на брат ми. Што се однесува до сумата од 10.000 евра тие ги  позајмив од шурата(братот на сопругата) кој работеше во странство во 2000 година а во тие години не се пријавуваа приходите од емиграција, изјавил  Дедја пред поротата.

Инаку, поради не поминување на проверката за потекло на имотот и вмешаност во криминални активности или попознато како ветинг, што почна во 2017 година,  Уставниот суд на Албанија не функционираше околу три години,  бидејќи овој процес не го минаа шестмина од вкупно девет судии колку што брои судот. Идентична беше  стојбата и со Врховниот суд. И двете институции почнаа да функционираат на почетокот на 2021 година.

Во изминатиот период над 800 субјекти биле опфатени со ситото на проверка. Притоа донесени се 491 решение, од нив 183 потврдени со кои субјектите остануваат на функцијата, а разрешени се 273 судии и обвинители, поради што се чувствува дефицит на овој кадар.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АлбанијаБашким ДедјаказнетПоранешниот претседател на Уставниот суд

НАЈНОВО

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски

July 4, 2025

Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маратонката Поп Арсова обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика „Токио 2025“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk