Две руски ракети го погодија Краматорск, град во источна Украина, а едната падна врз ресторан во центарот на градот.
Најмалку две лица загинаа во нападот, а околу 22 се повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи на Украина.
Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко во меѓувреме соопшти дека според последните информации во нападот на ресторан во Краматорск загинале три лица, од кои едно дете. Тој, исто така, нагласи дека уште луѓе би можеле да се наоѓаат под урнатините.
Терористичката држава продолжува да тероризира цивили, напиша Герашченко на Твитер.
⚡️Russian attack on civilian infrastructure on Kramatorsk. Rescuers at work, there might still be people under the rubble.
So far we know of 3 people dead (one of them a child) and 22 wounded – ministry of internal affairs.
Terrorist state continues terrorizing civilians.
📹-… pic.twitter.com/69dsCNMstg
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 27, 2023
Втората ракета паднала врз блиската населба Биленке.
Гувернерот на источниот регион Доњецк изјави дека во ресторанот во моментот на нападот имало голем број цивили.
Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат до кој степен е уништен ресторанот во центарот на Краматорск.
BREAKING:
A Russian missile just struck a building in the city of Kramatorsk.
It hit a part of the building which is full of cafes and restaurants that are usually packed with people at this hour.
There could be many victims.
Via @OstapYarysh pic.twitter.com/xDpzHewe95
— Visegrád 24 (@visegrad24) June 27, 2023
Kramatorsk: 15 people were injured + there were dead… The Russians hit 2 places of gathering of people… pic.twitter.com/4811pjgVdp
— MAKS 23 👀🇺🇦 (@Maks_NAFO_FELLA) June 27, 2023
Г. Т.