Организаторите на Пиво Фест, во обава на Фејсбук информираат дека годинава нема да се одржи фестивалот на пивото во Прилеп.
„Почитувани Прилепчани и пошироката јавност. Сакаме да Ве информираме дека овогодинешното јубилејно издание на ,,ПИВО ФЕСТ,, Прилеп 2023 се одлага за следната 2024 год, со нова локација, концепт и содржина на програмата“, се наведува во објавата.
Образложението го пренесуваме во целост
„На состанокот одржан од Стопанската комора на Прилеп, Општина Прилеп и бизнис фелата донесена е одлука, ,,ПИВО ФЕСТ ,, Прилеп 2023, дека нема да се подржи и одржи. Додека пак советот на Општина Прилеп на седницата од 22.06. 2023 донесе одлука за доделување на локација за реализација на ,,ПИВО ФЕСТ,, 2023 Прилеп. ( Прашањето е за што се носи одлука за доделување на локација кога предходно Стопанската комора и бизнис секторот донеле одлука со намера да не се подржи и одржи фестивалот?? ) За жал оваа седница е доцна одржана и одлуката за доделување на локација за организација и реализација на фестивалот е ПРЕДОЦНА донесена. Со оглед на навремено поднесените барања од страна на Фестивалот на 17.11. 2022 и во Април 2023 до Општината за организација и локација на ,,ПИВО ФЕСТ,, 2023 се уште нема официјално известување до Фестивалот до ден денес. Со оглед на сите овие горе наведени причини ,,ПИВО ФЕСТ ,, Прилеп 2023 год. спречен е да се одржи. Се извинуваме до Прилепчани и пошироката јавност, се гледаме во 2024 со нова локација, нов концепт и нова програма на ,,ПИВО ФЕСТ,, 2024, ВЕ ОСТАВАМЕ ВО ДОБРО ЗДРАВЈЕ. Со почит Здружение Интернационален Фестивал за пиво и скара ,, Пиво Фест ,, од 2003 Прилеп“, се наведува во образложението.
Со соопштение излегоа и од Општина Прилеп