Манипулативна содржина на Твит се споделува на фејсбук страницата „Странски Служби“. Злоупотребена е семејна фотографија од претседателката на Антикорупциска комисија со текст кој е дезинформација.
„Ретка слика на Биљана од Антикорупциска со синот на Таљат“, пишува во споделениот манипулативен твит под кој е поставена фотографија од претседателката на ДКСК Билјана Ивановска со уште едно лице.
Од она што може да се забележи на фотографиите од фејсбук профилот на Билјана Ивановска, таа на фотографијата од посочениот дезинформирачки твит е заедно со нејзиниот сопруг, а не со синот на Талат Џафери како што се инсинуира во споделената содржина.
Фејсбук страницата Странски служби има над 50 илјади следачи на Фејсбук.
Пет часа по објавата на дезинформацијата, на постот има 133 импресии и 11 споделувања.
Ј. Ѓорѓиоски