ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Џиновски сликовници со пораки за здрава животна средина создадени од креативните детски умови

June 29, 2023 12:35
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Музејот на град Скопје се одржа работилницата за деца „Мојата џиновска сликовница“, прва од шесте тематски работилници за развој на детската креативност, кои ќе се рeализираат летово под слоганот „Халки шарено лето“. Ментор на работилницата беше писателката Јулијана Величковска. Учесниците имаа задача да создадат творби со пораки за заштита на планетата Земја, чист воздух, здрава и чиста околина. Среќните и љубопитни дечиња се втурнаа во светот на креативноста и создадоа приказни од кои секој возрасен треба да се подзамисли. „Оги Џинот и Јован“, „Двете мали кучиња“, „Човекот кој ѝ помогнал на желката“, „Марко и змејот“ „Мачето Халко и херојот“, „Трите мачиња“, „Маша херој“ се само дел од насловите на сликовниците кои синоќа ги креираа вредните детски рачиња.

Поддржувач и организатор на настанот е Халкбанк АД Скопје, која се погрижи и летово најмладите да добијат можност да учествуваат на интересни активности кои ќе придонесат за развој на нивните креативни вештини и знаења.

„Со циклусот „Халки шарено лето“ повторно ги потврдуваме нашите заложби за развој на детската креативност и создавањето навики за читање и креативно изразување. Овие вештини се исклучително важни за правилниот развој на нашите деца. Среќни сме што дворот на Музејот на Град Скопје синоќа беше едно посебно и волшебно место, каде успеавме да креираме прекрасни сликовници, но и безброј искрени детски насмевки“, вели Маја Наумовска Савеска од Халбанк.

Дечињата ги понесоа со себе креираните сликовници за да ги чуваат како дел од своите домашни библиотеки.

„Дечињата беа љубопитни и вредни, брзо ги совладуваа задачите, беа комуникативни, си помагаа меѓусебе, се дружеа, пишуваа, цртаа, ја развиваа нивната имагинација на теми како екологија, соживот и емпатија кон луѓето, но и кон животните, инсектите, растенијата… Разговаравме за важноста на приказните, за важноста на читањето, научија кои состојки нѝ се потребни за да напишеме приказна за деца и како потем од таа приказна да се создаде (џиновска) сликовница. Верувам дека покрај сликовницата што ја изработија, со себе понесоа и нови знаења, нови искуства, радост заради новостекнатите другарчиња, весели спомени од работилницата и желба за уште слични настани и другарувања“, раскажува писателката Јулијана Величковска.

Tags: децаздрава животна срединаМузеј на град Скопје
Next Post

Ковачевски: Бугарија да покаже дека се залага за интеграција на регионот во ЕУ

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk