ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски од Фондацијата „Фридрих Еберт”: Евроинтеграцијата на С. Македонија е значајна за општествениот и за економскиот развој на земјата

June 29, 2023 14:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на дводневната посета на Берлин, Сојузна Република Германија денеска учествуваше на експертска дискусија организирана од страна на фондацијата „Фридрих Еберт”, на која учесниците разговараа за европската интеграција на Северна Македонија и регионот на Западен Балкан и можностите за економски напредок, општествен развој како и за отворената поддршка на Германија на овој план. На дискусијата на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, учествуваа претставници на германската академска и невладина заедница, како и членови на германскиот Бундестаг, сојузното Министерство за надворешни работи и германската Социјал-демократска партија.

Премиерот Ковачевски на дебатата ја реафирмира улогата на Сојузна Република Германија како докажан партнер на евроинтегративниот пат на Северна Македонија. Таквиот однос се темели на три децении развиени билатерални односи, како и германскиот континуирано објективен пристап и придонес кон напредокот на нашата земја.

Континуираниот развој на пријателските односи се рефлектира и во економската соработка и трговската размена меѓу двете земји, која само минатата година изнесуваше 3,2 милијарди евра. Соработката се темели и на важни стратешки инвестиции, како и на големи производствени капацитети кои германските компании ги отвораат во Северна Македонија.

Воедно, се разговараше и за поддршката на Европската Унија, конкретно финансиската поддршка која преку ИПА фондовите досега е над една милијарда евра, што ја потврдува позицијата на ЕУ како најголем донатор во земјата. Во наредниот период, преку ИПА 3 инструментот Северна Македонија ќе има на располагање 180 милиони евра, до 2027 година, но и 97 милиони евра неповратни средства за земјоделството преку ИПАРД 3.

Осврнувајќи се на проширувањето на Европската Унија со земјите од регионот на Западен Балкан, премиерот Ковачевски истакна дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан не е само прашање на проширување туку и геостратешко позиционирање во регионот, а во контекст на воената агресија на Русија во Украина.

Премиерот Ковачевски ја поздрави улогата на фондацијата „Фридрих Еберт” во нашата земја и нејзината активна поддршка на реформите и демократската изградба на земјата во изминатите 27 години.

Tags: КовачевскиС. МакедонијаФридрих Еберт
Next Post

Бочварски и Мискоски потпишаа договори за реконструкција на локални улици во Кривогаштани

НАЈНОВО

Шукова и Мојсова: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

August 23, 2025

Касами смета дека нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини

August 23, 2025

СДСМ: 4 години разочарувања – 4 години лoкална власт на ВМРО-ДПМНЕ

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Оскаровецот Хавиер Бардем го осуди Израел: ИДФ се Нацисти!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk