Мицкоски на прес-конференција по лидерската средба јасно кажа дека не е против уставните измени под одредени услови, рече пратеничката на СДСМ Даниела Колева во гостувањето во ТВ24.
-После тие барања кои му беа исполнети, тој почна да ги менува и да ретерира од претходно кажаното. После лидерската средба сега отиде во Брисел и на сите посети што ги имаат направено, ништо немаат постигнато. Ништо не видовме како придонес од ВМРО-ДПМНЕ за пристапот кон ЕУ, туку сведочевме на блокирање закони, кажа Колева.
Според неа, ВМРО-ДПМНЕ ја замајува јавноста и користи спинови со неточни работи.
– ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо да помогне на владејачкото мнозинство на овој тежок пат за влез во ЕУ. Што точно направија да помогнат на овој пат? Сите претседатели и премиери на земји-членки на ЕУ што дојдоа кажаа дека и нивниот пат бил тежок, рече Колева.