ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Проевропската опозицијата бара од ЕУ и од САД посилно вклучување во демократизацијата на Србија

June 29, 2023 14:01
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Протести „Србија против насилството“ во Белград на српските опозициски партии како реакција на двете масовни престрелки, 3 јуни 2023 година. (REUTERS/N1)

Протести „Србија против насилството“ во Белград на српските опозициски партии како реакција на двете масовни престрелки, 3 јуни 2023 година. (REUTERS/N1)

Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката група Обединети (ССП, ПСГ, ПзП, Слога) како и групата Зелено-левичарски клуб НДБ, кои технички ги организираат протестите „Србија против насилството“, испратија заедничко писмо до меѓународните актери во кое изразија барања европските институции дополнително да се вклучи во спроведувањето на препораките дадени за демократизација на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Писмото е упатено до Генералниот директорат на Европската служба за надворешни работи, известувачот на Европскиот парламент за Србија Владимир Билчик, заменик-помошникот секретар во американскиот Стејт департмент Габриел Ескобар, амбасадорите на ЕУ и САД во Србија, како и шефовите на мисиите на ОБСЕ и Советот на Европа во Србија, Јан Брат и Тобијас Флесенкемпер.

– Се разбира, Србија е далеку од единствената земја која доживеала масовни убиства. Но, не треба да бегаме од фактот дека овие настани се случија во атмосфера на насилство и страв, во земја во која противниците на власта секојдневно се заплашуваат и навредуваат и каде секој што ќе се осмели да изрази критичко мислење за власта е етикетиран како завереник. Јазикот на навреди ги преплави медиумите, Собранието и воопшто јавниот простор, се наведува во писмото.

Како што е наведено во писмото, според извештајот на ЕУ за Србија, Србија е „длабоко поделена земја “,каде што претседателот, пред само две години, во ударниот термин на телевизијата опиша како кланот од подземјето, одговорен за повеќекратни убиства, жртвите ги претвори во „човечки ќебапи“, со презентација на грозоморни фотографии.

Населбата на училиштето во кое се случи масовното пукање, во центарот на Белград, е преполно со насликани мурали на загинати фудбалски навивачи и на Ратко Младиќ.

Во писмото во кое се наведуваат барањата од осумте протести, се потсетува дека за неколку дена по овие неописливи трагедии, граѓаните на главниот град на Србија излегоа на улиците отфрлајќи ја културата на насилство што ја преплави земјата за време на владеењето на актуелниот претседател и медиумите лојални на него.

Наместо да ја обедини земјата потресена од две трагедии, претседателот понуди да започне разговори со опозицијата, но и ја подгреваше поделеноста и ги таргетираше „непријателите“, а демонстрантите ги окарактеризира како „ѓубриња“ и „мршојадци“.

Партиите кои технички ги организираат протестите не ги отфрлаат изборите, но ќе имаат вистински легитимитет само доколку се израмнат условите за сите.

Со цел да се подобри правната сигурност и да се обезбедат еднакви можности за изборниот натпревар, за законодавството би била корисна понатамошната ревизија за справување со предизвиците поврзани со злоупотреба на административни ресурси и пристап до медиумите и елиминирање на преостанатите празнини и недоследности, многу пред следните избори и во рамките на инклузивно и транспарентен консултативен процес, се наведува како една од клучните препораки во писмото.

Според опозицијата, власта треба да воспостави и имплементира ефективни правни и институционални механизми за надзор, со цел да се спречи заплашување и притисок врз гласачите, вклучително и вработените во јавните и државните институции и компании.

Неопходно е да се зајакне и независноста на РЕМ и РТС треба веднаш да започне барем еден нов неделен формат на политичка дебата.

– Ги повикуваме сите горенаведени меѓународни институции кои ги поддржаа овие препораки да помогнат во нивното спроведување во овој клучен момент за земјата. Ги повикуваме да помогнат во воспоставувањето и олеснувањето на транспарентен процес за условите на претстојните избори. Без оваа помош и без процесот низ кој можеме да дојдеме до рамноправни услови и пофер политички натпревар, сегашната длабока политичка криза нема да се реши, а иднината на Србија ќе остане неизвесна, се наведува во писмото на проевропскта опозиција.

Tags: барањаЕУПроевропската опозицијатаСАДСрбија
Next Post

Фила: Не смее да се дозволи СПС да се „слее“ во движењето на Вучиќ

НАЈНОВО

Фото илустрација: EWB

Европа зборува, Македонија стои

November 4, 2025

Хаос на американските аеродроми: Над 3,2 милиони патници погодени од доцнење по затворањето на владата

November 4, 2025
Фото: Амбасада на Јапонија

Јапонската култура во Македонија: Почнуваат Деновите на филм и анимација во Скопје и Битола

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk