На прашање за уставните промени кое веќе со месеци ја антагонизира македонската политичка елита и ја вознемирува широката македонска јавност, Цивил организира дебата со цел да детектира дел од препреките кои стојат на патот на македонските евроинтеграции.
Уставните промени: лажни или реални се стравувањата за Бугарите во уставот? Лажни или реални се опасностите поради партиски хирови земјата да ги запре преговорите со Унијата? Лажно или реално е стравувањето дека на земјава и престои изолација доколку во ноември не ги исполни условите за одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ и не отпочне со отворање на тематските интегративни кластери? Лажно или само гол борба за власт се условувањата за негласањето на со рамката договорените уставни промени?
И, конечно, кои се вистинските македонски патриоти, оние кои се залагаат преговарачката рамка да се ипсочитува и преговорите да почнат или да се почекаат нови поповолни времиња без бугарски условувања?
Дебатата под наслов „Уставни измени: Исток или Запад“, со почеток во 10:30 часот ќе се емитува во живо од студиото на прес центарот на Цивил и во неа ќе учествуваат новинарите-уредници Ерол Ризаов, Мирослав Јовановиќ, Зоран Иванов, а модератор ќе биде Љубиша Николовски.