Првиот дигитален асистент во јавниот сектор АДА во првите 60 дена услужил над три илјади граѓани, разменети се над 50 илјади пораки и поминато е повеќе од 8 илјади минути разговор со корисниците, објави вицепремиерот Фатмир Битиќи.
Пред два месеци го пуштивме во употреба првиот дигитален асистент во јавниот сектор – АДА која секојдневно дигитално ги услужува граѓаните. АДА е материјализирање на промената која на сите ни е потребна, вели Битиќи.
Тој во објава на Фејсбук истакнува дека „постојано зборуваме за дигитализација, транспарентност, ефективност и ефикасност во јавниот сектор и еве ја. Во едноставна дигитална алатка, достапна за сите“
„АДА е резултат на имплементирање на забелешки од извештај на Стејт департментот за борба со корупција, во кој стоеше дека делењето на државна помош е една од точките кои се извор на корупција и дека транспарентноста е клучна за сузбивање на оваа појава – денеска го имаме одговорот, ја имаме АДА – дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција за потребите на програмите за државна помош на Владата Граѓаните на едно место, 24/7 добиваат информации за условите за инвестирање во нашата земја и државната помош која ја нудиме, како и програмите преку фондот за иновации и технолошки развој. Зборувај со АДА на https://ada.gov.mk/mk“, вели Битиќи.