Советот за етика во медиумите на Македонија – СЕММ одржа состанок на кој е предложено да се формира Здружение на онлајн-медиуми. Целта на здружението би била заедничко настапување пред институциите и Владата.
Од состанокот произлегоа и други предлози со кои не се согласија членките на Советот. Според нив, СЕММ ги надминува своите овластувања и се впушта во дејности кои не се негови цели. На состанокот дел од медиумите реагираа на фактот дека СЕММ без овластување самоиницијативно се прогласува себеси за преговарач со трети лица врз основа на список на онлајн медиуми без никаква правна основа. Според членките на Советот, Регистерот на медиуми не претставува здружение.
Дел од претставниците на медиумите рекоа дека треба да се направат консултации со најрелевантните онлајн медиуми, да се закаже основачко собрание, да се изберат раководни тела и сето тоа да биде во правна рамка.
Извор: Слободен печат