Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека последниот случај на ОЈО – „Феникс“ за спомениците од „Скопје 2014“ – е театар пред јавноста
„Ако имало дело, ќе било решено пред 9 години“, изјави денеска Мицкоски.
Инаку во истрагата на обвинителството „Феникс“ опфатени се 15 физички и 7 правни лица, меѓу кои еден италијански државјанин и три италијански компании.
Сите се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење на пари за изработка на најголемите споменици од „Скопје 2014“.
Истрагата за случајот „Феникс“ се однесува на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“. Станува збор за спомениците: „Воинот на коњ“, лавовите – архаични и класични, спомениците на „Даме Груев“, „Гоце Делчев“, „Никола Карев“, „Методија Андонов – Ченто“, „Цар Самоил“, „Гемиџиите“ , „Јустинијан“, „Прво заседание на АСНОМ“ и „Основачи на ТМРО“. Оосмничени во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер и министер за финансии во неговата Влада Зоран Ставрески, поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, двајца поранешни – градоначалниците на општина Центар – Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова и поранешниот претседател на Советот на општина Центар, Владимир Здравев. Меѓу осомничените има и италијански државјанин и три италијански фирми.